Поучна приказна: Необичниот подарок
Во некое богато кралство, секое утро некој сиромав човек доаѓал, му носел на кралот едно јаболко, и потоа без збор си заминувал.

Во некое богато кралство, секое утро некој сиромав човек доаѓал, му носел на кралот едно јаболко, и потоа без збор си заминувал. Кралот, кој бил навикнат да прима големи подароци, го исмевал сиромавиот човек. Но, тој не се откажувал и продолжувал секое утро повторно да доаѓа и на кралот да му го дава својот подарок. Иако веќе му било досадно, сепак, кралот и понатаму го примал подарокот, а потоа го фрлал во една канта која веќе била преполнета и кралот едвај во неа можел да го става овошјето што сиромавиот човек му го давал со љубов и внимание.
Еден ден еден мајмун кој живеел во кралството зел една јаболка и ја гризнал, а потоа веднаш ја фрлил пред кралот. Зачуден, кралот во внатрешноста видел еден дијамант. Во истиот момент наредил да се отворат сите јаболка и во секое од нив имало по некој дијамант. Тогаш кралот го повикал сиромавиот човек и побарал објаснување. Тој му одговорил: Ви ги носев овие дарови за да сфатите дека животот секое утро ви нуди посебен дар кој вие го заборавате бидејќи сте опкружени со ова големо богатство. Тој дар е секој нов ден што го започнувате.
Поука: Многу работи изгледаат неважни, но постои една добра работа која надминува сѐ и која како дијамант е скриена во вашето срце, а тоа е насмевката што им ја подарувате на оние на кои навистина им е потребна.



