Реклама
MAMAКафе муабет

Поучна приказна за тоа како да се борите со тешките моменти

Реклама

Една приквечер учениците се шетале покрај морето заедно со својот учител. Тогаш, еден ученик му пристапил на учителот и го прашал:

-Учителе, како да се бориме против патењето и тешките моменти?

Учителот не одговорил ништо на ова, само им дал знак на учениците да му се приближат на морето.

Маркетинг

Кога биле на линијата помеѓу морето и копното, тој рекол:

Маркетинг

– Ајде сега борете се против морето!

-Да се бориме против морето?! Како мислите да го направиме тоа?

– Едноставно. Стојте на тенката линија и не давајте му на морето да дојде напред. Запрете го!

Учениците направиле како што им рекол учителот, но не постигнале ништо. После неколку минути, учителот ги прашал:

– Па, како поминавте?

– Никако! Плимата и осеката постоеја, без разлика на тоа што правевме ние.

Учителот се насмевнал на ова, па им одговорил:

– Па, исто така е и со патењето. Тешките моменти доаѓаат и си заминуваат, независно од тоа како постапувате вие.

Она што можете да направите е да бидете трпеливи и да чекате да поминат…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button