Кафе муабет

Поучна приказна: Богатството што се крие во душата е непроценливо

Advertisement

Еднаш една мудра жена, патувајќи низ планината наишла на драгоцен камен.

kamen

Advertisement

Еднаш една мудра жена, патувајќи низ планината наишла на драгоцен камен. Каменот бил од непроценлива вредност. Го ставила во торба и продолжила понатаму. Другиот ден додека доручкувала, пред неа се појавил еден човек. Бил многу гладен па побарал од жената да му даде било што за јадење. Жената веднаш посегнала за торбата да му извади нешто за јадење. Човекот го здогледал драгоцениот камен во нејзината торба, се воодушевил од него и побарал од жената да му го даде! Таа му го дала без размислување. Човекот продолжил понатаму презадоволен поради неговата луда среќа. Знаел дека каменот е толку вреден да му пружи сигурност за цел живот. Но, после неколку дена се вратил назад да ја побара истата жена. Кога ја пронашол, и го вратил каменот назад и и рекол: „Размислував долго. Знам колку овој камен е вреден, но ти го враќам со надеж дека од тебе ќе добијам нешто што е многу, многу повредно. Ако можеш, дај ми го тоа што го имаш во себе што те поттикнало да ми го дадеш тој вреден камен.“

kamen

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button