Ако сакаш да имаш, мора и да дадеш: Приказна која ќе ви го промени начинот на размислување
Еден сиромав човек продавал стока од врата на врата, со цел да ги плати трошоците за медицинскиот факултет. На крајот од денот кога ги погледнувал џебовите, имал само неколку стуткани парички.
Бил гладен, но не можел да си дозволи вечера. Одлучил да ги замоли соседите за малку храна. Кога затропал на соседната врата, му отворила една млада девојка и тој засрамен ја прашал да му даде нешто да јаде. Девојката се вратила со голема чаша млеко, а потоа младичот ја прашал колку е должен. Девојката одговорила дека не треба ништо. Младичот се заблагодарил од се’ срце и си заминал среќен.
После неколку години девојката се разболела и ѝ требала итна операција. Кога хирургот влегол во собата, ја препознал девојката која му помогнала неколку години порано, уште кога бил студент по медицина. Од тој момент младиот лекар вложил многу труд за нејзната операција да помине успешно.
После неколку недели на девојката ѝ стигнала сметка за трошоците за операција, го отворила пликото и во него нашла убава порака: „Целосно е платено со една чаша млеко“!
Затоа, не плашете се и не двоумете се некому да пружите помош, затоа што животот може да ви врати на неочекуван начин!