Реклама
Култура[тор]

Потстанар (’ 76)

Реклама

Сценарио: Gerard Brach и Roman Polanski
Режија: Roman Polanski
Улоги: Roman Polanski, Isabella Adjani, Melvyn Douglas, Jo Van Fleet, Bernard Fresson

Маркетинг

Во 1976г. големиот полски синеаст, Roman Polanski, го сними едно од редицата свои ремек дела – „Потстанар“ (The Tenant). Филм за модерниот човек, загубен во бесмисленоста на секојдневниот живот, во озрачените пипки на филистерството и рамнодушноста на околината, кои го гушат секој индивидуален обид  за слобода и мутираат себеискажувањето. Ова е всушност екранизација на истоимениот роман на францускиот писател Roland Topor и реализација на неговата егзистенцијалистичка мисла, наследена од другите француски егзистенцијалисти, како J. P Sartre, A. Kami…. Токму тоа е моментот кој режисерот совршено ни го доловува, како никој претходно, а кој ќе биде и лајт-мотив на повеќемина потоа. Едноставната штурост, непостоење во осуденоста на постоење, себичноста на карактерите од секојдневието, и дисторзираната свест за околината која следи од таквите нешта, се присутни од првиот до последниот кадар на филмот.

alt

Маркетинг

Дејствието, ако воопшто може така да се нарече, е сведено на минимум во однос на настаните кои се случуваат. Започнува со доаѓањето на г-н Trelkovsky во една зграда со цел да изнајми стан, и завршува со негово самоубиство на истото место. Скоро сé во меѓувреме е една субјективна анализа и восприемање на тривијалностите од секојдневието, со очите и умот на главниот анти-јунак. Во истиот стан претходно живеела една девојка која извршила самоубиство, но се уште не е мртва. Така Trelkovsky решава да ја посети во болницата, со умислата да се увери дека таа нема да преживее (како што му сугерира рецепционерката) и тој ќе може да се всели во нејзиниот стан. Со ова авторот всушност ни ја прикажува истата апатична состојба која ја поседува и главниот лик, а која претставува apriori на неговото самоуништување, дистанцирајќи се од можната идеја дека тој е сосем невин карактер во ваквиот субреален општествен затвор. Напротив, ни Тrelkovsky не се разликува по многу од опкружувањето, исто така со себе носејќи ја таа рамнодушност и себичност. На тој начин, причината за неговата лична трагедија лежи подеднакво исто кај него, како и во околината. Овде се секако и останатите соседи, на чело со г-н Zy, кои ја разгоруваат психопатологијата во него, со нивните секојдневни забелешки и укори, кои на крајот кај него резултираат со идеја за оформување на теорија на заговор. Trelkovsky, од малите и банални закани на неговите соседи, ќе се доведе во параноидно-шизофренична состојба на свест, која ќе резултира со негов комплетен ментален, а потоа и физички колапс.

alt

Единствен лик кој на моменти ќе ја разбива неговата параноидна монотонија е Stella (Isabella Adjani), но само привидно. Кога неговата свест веќе ќе биде комплетно изнемоштена и ќе се покори на лудилото, и таа ќе се придодаде на останатите ликови на закана по постоењето. А бидејќи тоа (постоењето), според суштината на егзистенцијалистичката мисла, нема никаква возвишена смисла само по себе, единствено може да се склопиме со апсолутната космичка ништост со прекинување на истото, кое во случајов е логична последица на сé што претходи. Тој е немоќен да се спротивстави на суровиот свет и неговите продукти, какви што се соседите и просто се оддава на струјата која го носи до таа точка.

alt

Главниот лик на Trelkovsky го портретира самиот Roman Polanski, кој секако не е врвен актер, но во случајов одлично се снаоѓа во улогата и ни ги доловува сите моменти на суспенс, и психолошка возбуда. Летаргичната музика на Philippe Sarde мрзеливо и срамежливо нé внесува во комплетната слика која ова ремек дело од филм со себе ја носи – широката панорама на болките на модерниот човек, неправдата во современото капиталистичко општество, која се реализира и преку најневажните делувања во секојдневието.

{youtube}ZmhIMbdecEU{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button