Огласи
Вести

Потресно збогување од младата студентка што зaгина во пожарот – студираше медицина, сакаше да лечи луѓе

„Ти сакаше да лечиш луѓе, ја започна својата мисија, но не ја заврши“, пишуваат пријателите на Кети

advertisement
advert

„Не успеа да го исполниш сето она што го замисли. Сакаше да лечиш луѓе и да им помагаш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Ќе се сеќаваме на тебе“, пишува во една од пораките за младата Кети чиј живот згасна во несреќата во Кочани.

Кети Милковска беше студентка по медицина, но за жал не и се оствари желбата да им помага на луѓето како докторка.

Имено, Кети беше една од настраданите во страшниот пожар што се случи овој викенд во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

реклама

„За нашата Кети Милковска“, напиша една нејзина пријателка која објави и една нејзина фотографија и свеќи кои стојат до неа.

Покрај оваа фотографија таа сподели и една на која се гледа како насобрани сограѓани палат свеќи не само за Кети, туку и за сите останати млади што настрадаа во страшниот пожар.

Марpкетинг
Принтскрин/ Социјални мрежи

„Не успеа да го исполниш сето она што го замисли. Сакаше да лечиш луѓе и да им помагаш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Ќе се сеќаваме на тебе“, пишува во една од пораките за оваа млада девојка.

Фејсбук/ Ј. Јовановска

Потсетуваме, трагедијата во Кочани што ја зави цела Македонија во црно се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март околу 03.00 часот наутро.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Трагедијата се случи на концертот на ДНК, кога пиротехниката го зафати и запали кровот, по што пожарот се прошири за само неколку минути, а од досегашната истрага, местото имало само една отворена врата.

Се поставува прашањето колку луѓе би биле спасени доколку клубот ги почитувал правилата, односно местото имало барем уште еден помошен излез наменет токму за вакви несреќи, а кој едноставно МОРАЛ да го има.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Исто така се поставува и прашањето како ова место кое повеќе наликува на шупа отколку на дискотека, воопшто имало дозвола? Посебно што на снимките и фотографиите јасно се гледа дека на прозорите има решетки, и се користи само една мала врата како за влез, така и за излез.

И токму заради ова на сите граѓани во Македонија, но и на целиот регион овие неколку дена се прашуваат само едно, а тоа е: Зошто? Мораше ли да се случи една ваква страшна несреќа за да почне системот да работи и дали тој воопшто ќ проработи или повторно сé е само фарса?

epp

Нека им е светол патот до рајот на невините души….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button