Потресните зборови на Вики за нашите пратеници што ОДЕКНУВААТ и ја болат цела Македонија
Во прв миг помислив дека ова е невистина. Едноставно ми беше неверојатно...

Пратениците требаше да бидат пример, ама ете, тоа не се случи. Веројатно ќе бидеме запишани во историјата како прв ваков пример. За друг искрено, не сум чула, ни прочитала, пишува Вики во својата објава на социјалните мрежи.
Познатата македонска новинарка Вики Ристоска-Чадиковска сподели порака на Фејсбук која никого не остави рамнодушен.
Имено, Вики се огласи во врска со ситуацијата во која се наоѓа Македонија по страшната несреќа што ни се случи неодамна.
Таа во својата порака спореди еден пратеник од Бугарија кој организираше хумана акција и кој успеа да собере околу 40 илјади евра за трагедијата во Кочани, додека македонските пратеници одлучиле да земат 10 дена одмор за да не влегуваат во конфликт, како што вели Вики во својата порака.
Целата нејзина покара што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи прочитајте ја во продолжение…
Еве што напиша таа:
„
Има ли разлика?
Пратеник во Бугарија организираше хумана акција и успеа да собере околу 40 илјади евра за трагедијата во Кочани.
Скоро во истото време, пратениците од Македонија одлучија да земат 10 дена одмор, за да не влегувале во конфликт, замислете.
Во прв миг помислив дека ова е невистина. Едноставно ми беше неверојатно…
Во мигови на ваква национална трагедија, да се нема чувство за одговорност за мене е несфатливо и неприфатливо.
Во овие моменти секој од нас треба да биде солидарен и да даде поддршка. Ама не, нашите пратеници одбраа да бидат себични политиканти.
Сега е време сите да бидеме обединети и да поттикнуваме најразлични активности со кои ќе им помогнеме на жртвите и нивните семејства. Пратениците требаше да бидат пример, ама ете, тоа не се случи. Веројатно ќе бидеме запишани во историјата како прв ваков пример. За друг искрено, не сум чула“, ни прочитала, напиша познатата македонска новинарка и водителка, Вики Ристоска-Чадиковска.
Принтскрин/ Фејсбук
Вики потоа сподели и една објава за човекот за кој, како што вели, сите треба да го славиме и кој е нашата гордост.
Погледнете ја и оваа нејзина објава…