ВестиНаши ѕвезди

Потресни зборови на мајката на Ивона (21) која загина во несреќата во Кочани од кои и камен би заплакал

„Секоја ќошка дома мириса на тебе!“

Advertisement

Тажна објава на мајката на 21-годишната Ивона која загина во пожарот што се случи на 16 март во Кочани.

За десетина дена ќе поминат точно седум месеци од страшната несреќа во Кочани кога згаснаа 62 млади живото.

Несреќата се случи откако избувна пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која тогаш групата ДНК имаше концерт.

Advertisement

Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

Ноќниот клуб во тој момент беше преполн со млади луѓе како од Кочани, така и од регионот, а меѓу нив и 21 годишната Ивона чиј живот згасна во оваа страшна несреќа.

Непребол…

Advertisement
Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

Нејзината мајка денес на Фејсбук сподели една нивна заедничка фотографија и потресна порака за своето изгубено чедо.

„Ивонче мое ангелче, секој ден без тебе е како вечност. Секој изминат миг ми станува сè потежок и потежок. Се будам и мислам дека ќе влезеш низ вратата, со твојата насмевка што ми го осветлуваше целиот свет. Сè уште ја гледам твојата соба и замислувам дека спиеш мирно во твојот кревет. Сè уште ја слушам твојата нежна насмевка и твоето „мамче“, што ми беше најубавиот збор на светот. Не можам да прифатам дека никогаш повеќе нема да те видам како трчаш кон мене, дека никогаш нема да ме прегрнеш со твоите топли раце. Секоја ќошка во домот мириса на тебе, секое утро ме боли од празнината што остана по тебе. Мило мое дете, душата ми плаче за тебе, срцето ми се ломи од болка и љубов што нема каде да ја стави“, напиша на почетокот од своето обраќање мајката на Ивона, Стојка Иванова-Антова, во објавата што ја сподели со нивна заедничка фотографија.

Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

„Не можам да се помирам со мислата дека никогаш повеќе нема да се вратиш, дека никогаш повеќе нема да ја почувствувам топлината на твоите раце, дека нема кој да ми каже колку ме сака. Секоја клетка во мене сè уште те бара, сè уште те чека, како срце што чука за две души. Само да можев, барем уште еднаш, да те прегрнам силно. Да те гушнам и да не те пуштам никогаш. Да ти кажам уште илјада пати дека те сакам, дека си ми се’ на светот. Само уште еднаш… барем уште еднаш да можев да те прегрнам силно, да те гушнам и да не те пуштам да одиш. Да те чувам во моите раце и да го стоплам твоето срце, како што само мајка знае“, пишува мајката на настраданата 21 годишна девојка на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук .

Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

„Никогаш нема да престанам да зборувам за тебе!“

Потсетуваме, мајката на Ивона по несреќата повеќе пати се огласила на Фејсбук и често споделува фотографии од починатата ќерка.

Таа е неутешна и нејзината болка е преголема, за што сведочат и овие нејзини зборови кои кај сите предизвикуваат тага и солзи.

Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

По трагичната вест започнува нејзината агонија, но и борба за правда, па како што и самата напиша во една пригода, никогаш нема да престане да зборува за неа и ќе го прави тоа се додека дише, а нејзината болка ќе биде сведок дека правдата мора да дојде и не смее да се заташка.

„Никогаш нема да престанам да зборувам за тебе, Ноне мое. Никогаш нема да замолкнам пред неправдата. Вие ми ја одзедовте ќерката – но не и мојата љубов и мојата борба. За неа ќе зборувам додека дишам, а болката ќе ви биде сведок дека правдата мора да дојде“, напиша пред неколку недели оваа неутешна мајка, а потоа го додаде и следново:

Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

„Но запомнете – вистината никогаш не може да се сокрие. Вашата совест можеби молчи, но Бог гледа. Вашите лица можат да се смеат, но душата нема да ви најде мир. Мојата Ивонче беше светлина – вие ја згаснавте, но не ја уништивте. Таа живее во мене, во сите што ја сакаа, и ќе свети засекогаш“ напиша мајката на Ивона кога поминаа точно шест месеци од несреќата што го завеа во црно целиот град.

Фејсбук/ Стојка Иванова-Антова

„Те сакам бескрајно, душо моја“

Таа сега, неколку недели подоцна, своето најново обраќање преку социјалните мрежи го заврши со следните зборови:

„Ивонче мое, ти беше моја светлина, моја гордост, мој ангел на земјата. Сега си ангел на небото, но твојата љубов и твојата насмевка останаа во мене. Секогаш ќе те носам во срцето, во секој здив, во секој чекор. Засекогаш ќе бидеш моја, засекогаш ќе бидеш мојот живот, мојата Ивонче. Те сакам бескрајно, душо моја. Ќе живееш во мене, во секоја моја мисла, во секој мој здив, додека јас сум жива. Засекогаш моја, засекогаш дел од мене“, напиша на Фесјбук Стојка Иванова-Антова на Фејсбук, скршена од болка заради преголемата загуба.

Целата нејзина објава прочитајте ја во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button