Потресни пораки по ужасот што се случи во Кочани – Македонија во црно, бројот на жртвите е страшен
Потресни пораки на познатите по страшната несреќа

Цела Македонија завиена во црно откако се случи страшната несреќа во Кочани која однесе повеќе од 50 млади животи.
Несреќата се случи околу 03.00 часот по полноќ, на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од тогаш траат и натчовечките напори да им се помогне на сите што се повредени во страшниот пожар и однесени во болница, но и да се идентификуваат големиот број жртви чии животи згаснаа.
Според изјавата на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски бројот на починати во пожарот до овој момент е 51 лице.
Принтскрин/ Инстаграм
„Повредени се над 100 лица, кои се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје“ вели министерот.
Ова е првата официјална информација која ја соопштува надлежно лице во врска со несреќата, по трагедијата која се случи утринава во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според МВР, првична причина за пожарот се искрите од т.н. прскалки – пиротехнички средства кои служеле за постигнување на светлосен ефект, но кои го зафатиле таванот кој бил од лесно запалив материјал.
Принтскрин/ Инстаграм
Моментот кога започна пожарот
Несреќата во црно го завеа Кочани, но цела Македонија, а граѓаните во Кочани се собираат и палат свеќи и оставаат цвеќе за жртвите.
По вестите за несреќата се огласија на социјалните мрежи и бројни познати личности кои со голема жалост и тага во нивните срца испратија зборови на сочувство до семејствата што ги изгубиле своите најмили.
Меѓу нив се најде и Каролина Гочева, која напиша:
Принтскрин/ Инстаграм, Каролина Гочева
„Каква трагедија, каков страшен црн ден… Најдлабоко сочувство до семејствата на трагично згаснатите животи во Кочани… Нема утеха“ напиша Каролина на својот Инстаграм профил.
И Тамара Тодевска беше длабоко потресена со она што се случи:
„Сочувство до семејствата на сите загинати во големата трагедија во Кочани. Не постои утеха за прерано згаснати млади животи, кои присуствувале на музики концерт/ Животот тука станува опасен, ,ногу опасен. За нас, за нашите деца, за сите“, напиша Тамара.
epp
Принтскрин/ Инстаграм, Тамара Тодевска
И пејачката Калиопи Букле погодена од страшната несреќа ги напиша следниве емотивни зборови:
„Потресена сум и во неверување…Искрено сочувство до семејствата на настраданите… Македонијо моја…“
По овој повод се огласи и водителката Анастасија Деа…
Принтскрин/ Инстаграм, Анастасија Деа
Погледнете ги и останатите објави…
Принтскрин/ Инстаграм, Барбара Ракичевиќ
Принтскрин/ Инстаграм, Барбара Ракичевиќ
Принтскрин/ Инстаграм, Мишел Трајковски
Потсетуваме, до пожарот дошло заради пиротехничките средства кои служеле за постигнување на светлосен ефект.
Од нив се запалил таванот кој бил од лесно запалив материјал, а како изгледа моментот кога огнот почна да се шири во дискотеката додека концертот се уште траеше, погледнете тука.