Потресна приказна за светски познатата балерина што ја инспирираше Мадона да направи филм за неа
Мадона се враќа во режисерските води
По нејзиниот албум „Rebel Heart“ од 2015 година Мадона за МГМ ќе ја режира драмата „Taking Flight“ посветена на светски познатата балерина Микејла Депринс.
Филмот е направен според вистинска приказна за балерината, девојката која се родила се Сиера Леоне, место потполно опустошено поради војната.
Нејзината животна приказна е прилично драматична – татко и го убиваат бунтовниците а мајка и умира од глад. Истовремено Микејла е шиканирана од околината поради својата болест витилиго, дерматолошка болест поради која и се манифестираат бели флеки на кожата кои настануваат поради недостаток на пигменти. Локалното население тоа го смета за проклетство.
https://www.instagram.com/p/BgT2AyaByVx/?utm_source=ig_embed
Микејла беше посвоена од едно американско семејство која го препозна нејзиниот талент за танцување. Потоа нејзината кариера доживува неверојатен успех, а Мадона приказната ќе ја пренесе на филмско платно.
https://www.instagram.com/p/BaOBuWfFgWA/?utm_source=ig_embed
„Животното патување на Микејла ме погодува подеднакво како уметничка и активистка против општествените неправди. Имам единствена прилика да ги расветлам проблемите во Сиера Леоне и да и овозможам на Мишел да биде глас на сите деца без родители. Голем чест ми да ја пренесам нејзината приказна“, вели Мадона, а пренесе „Variety“.
https://www.instagram.com/p/BgQnMyblRQM/?taken-by=michaeladeprince
Мишел се има појавено во спотот на Бијонсе, „Lemonade“, а моментално е дел од холандскиот национален балетски тим. Dutch National Ballet, Нејзината импресивна животна приказна ја инспирираше Мадона да сними филм за неа според книгата Taking Flight: From War Orphan to Star Ballerina напишана од Мишел и Елејн Де Принц, жената што ја усвоила.
Фото: Guliver/ Getty images/ Instagram