Uncategorized

„Ништо немам јадено од завчера, но издржувам колку што можам“ – потресната приказна на малиот Ален ќе ве расплаче (видео)

Advertisement

На многумина на Балканот не им цветаат рози

Advertisement

Малиот Ален од Зеница (Босна и Херцеговина) го изгуби таткото пред нешто повеќе од месец дена, а неговата мајка Азра е во постела бидејќи и е дијагностицирано малигно заболување на три места. „Мајка ми е болна, има многу болести, не можам јас тоа да го објаснувам. Таа лежи, пие лекови, многу пакетчиња со лекови“, вели во солзи малиот Ален. Тој и покрај тоа што има потреба од многу работи, има само една желба. „Најголема желба ми е мајка ми да оздрави, да се излечи од сите тие болести“ вели тој. И додека неговата мајка го покажува празниот фрижидер, Ален низ плач одговара на прашањето дали е гладен.

{youtube}Xcq5m1ovDEc{/youtube}

„Да, гладен сум, но не ми е срам да кажам дека немам што да јадам. Едноставно немам. Немам јадено ништо од вчера, ни денес. Што да правам? Се држам колку што можам“, вели Ален во солзи и додава. „Јас не сум важен, ја гледам мајка ми, нејзе да и биде подобро, тоа сега ми е најважно. Тоа што го имав, го изгубив, сега морам неа да ја чувам, а не себеси“.

Advertisement

Неговата приказна не остави без зборови, но и не натера и да ја разбереме суровоста и болната реалност што ја преживуваат некои луѓе на Балканот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button