Наши ѕвезди

Потресна порака на таткото на музичарот кој загина во несреќата во Кочани – Вечна ти слава ангелу наш

Болни зборови во спомен на неговиот син

Advertisement

Потресни зборови на таткото на младиот музичар што загина во несреќата што се случи на 18 март во Кочани.

Наскоро ќе поминат шест месеци од овој трагичен настан што се случи во Кочани и кој во црно ја завеа цела Македонија.

Advertisement

Драги Ѓоргиeв, татко на младиот музичар Џоко Ѓоргиев од Струмица, кој беше еден од загинатите во страшниот пожар што се случи на концертот на ДНК, на 18 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сега сподели потресна порака на социјалните мрежи во чест и спомен на својот син.

Фејсбук

Болката во срцата на најблиските на загинатите е неизлечива и не може да се опише со зборови, за што сведочи оваа тажна порака што ја напиша родителот на младиот музичар на социјалните мрежи.

Advertisement

„Денес е тежок ден за нас, нашиот ангел ќе полнеше 25 години. Вечна ти слава ангелу наш и среќен роденден“, напиша неутешниот тако на својот Фејсбук профил и објави фотографија од својот починат син.

Фејсбук

Потсетуваме, Џоко беше тапанар во бендот ДНК и еден од омилените музичари меѓу колегите, посебно во неговиот роден крај.

Фејсбук

Тој иако немаше ни 25 години остави голем белег во музичкиот свет, а пред неколку недели на еден настан во неговиот роден град настапија во живо 12 тапанари, меѓу кои беше и неговиот брат Димитар.

Фејсбук

Снимка од овој настап кој никого не остави рамнодушен тогаш сподели и таткото на Џоко, Драги, кој на социјалните мрежи редовно објавува снимки од својот син од кои може да видиме каков талент беше младиот музичар чиј живот прерано згасна во страшната несреќа во Кочани.

Некои од овие снимки погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button