Наши ѕвезди

Потресна порака на профилот на Зоки Фаци што сите ги растажи. Помина година дена од неговата смрт

„Царство небесно Зочко“

Advertisement

Помина година дена од смртта на познатиот новинар и водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.

Василевски беше погребан на гробиштата на Катланово, на местото каде што почиваат и неговите родители.

Advertisement

На погребот беа неговите најблиски, но имаше и голем број пријатели и колеги, а и денес, една година подоцна, тагата е голема.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Но неговите најблиски и пријателите не го забораваат, што може да се види и од објавата што вчера беше споделена на неговиот Инстаграм профил, една година по неговото заминување во вечното почивалиште.

Имено, на неговиот профил на Инстаграм беа објавени неколку слики, но и една негова порака што многумина растажи.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Една година помина… а чувството е исто. Да се изгуби човек како тебе значи да се изгуби дел од животот.

Беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација….

Човек кој знаеше што значи љубов, искреност и другарство. Несебичен до крај , даваше се од себе за другите, а никогаш ништо не бараше назад.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Го живееше животот со полни гради, без кочници, секогаш со насмевка каков и да ти бил денот ….

Кога нешто не беше во ред , го кажуваше право во лице без маски, без лаги. остар како жилет и затоа сите те почитуваа… Крал на таблоидното новинарство, легенда во шоу-бизнисот, човек кој креираше приказни, имиња, и знаеше како се прави спектакл.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Со вистински инстинкт за новитет и најдобар хумор што можеше да осветли и најтемниот ден. Човек со огромна душа, голем љубител на животните, на дружбите, на убавите моменти.

Луѓето те сакаа затоа што беше свои без филтри, и не се менуваше за никого. Царство небесно Зочко“, напиша внукот на познатиот новинар со кого тој беше мошне близок додека беше жив.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Објавата беше споделена на профилот на Зоки Фаци на Инстаграм, точно една година по неговата смрт.

Покрај оваа порака, објавена е една фотографија со Зоки Фаци, на која се испишани следните зборови:

„И горе сега си ѕвездетина, како што беше и тука. Ти благодариме за се, Царство небесно Зочко“, пишува врз неговата фотографија.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Беше споделена и една негова стара објава, што самиот Зоки ја има напишано по едно негово гостување на телевизија, кога на своите фанови им се обрати со следните зборови:

Инстаграм/ Зоки Фаци

Потсетуваме, Василевски неколку години пред да почине водеше тешка битка со опаката болест. Неколку недели пред да замине во царството небесно тој се врати од Турција каде замина на операција.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Но по направените прегледи во турската клиника беше откриено дека ракот се проширил, така што реши да се врати во Македонија.

Тој го продолжи лекувањето во нашата земја, но тешката битка, за која секогаш отворено зборуваше, за жал, не успеа да ја добие.

На социјалните мрежи беше активен речиси до последен ден, а неколку дена пред да почине се огласи од инвалидска количка.

Повеќе за ова прочитајте тука .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button