Наши ѕвезди

Потресна објава на Ана од ДНК за нејзините починати пријатели: „А душа боли, и ќе боли…“ (фото)

Advertisement

Пејачката Ана Костадиновска е една од двајцата членови на групата ДНК кои останаа живи по страшниот пожар во „Пулс“ во Кочани.

Таа и гитаристот Горан Тонев се единствените членови на музичкиот состав што денес се живи и кои ја преживееја несреќата.

Advertisement

Покрај Ана и Горан, од пожарот успеа да се спаси и Владимир Блажев Панчо, но по неколку месеци тој им подлегна на повредите со кои се здоби во страшната несреќа што цело Кочани го завеа во црно.

Ана беше блиска со сите членови кои загинаа, а посебно со Сара Пројковска, која исто така беше една од настраданите во пожарот.

Колку Ана беше блиска со Сара, но и со сите останати од бендот може да видиме и од најновата објава на пејачката. Имено, наскоро ќе поминат девет месеци од несреќата, а таа повторно ги трогна своите следбеници со тажната порака што ја сподели на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

„Душа боли, и ќе боли…“ напиша Ана во описот на неколку фотографии што ги сподели на својот Инстаграм профил, а кои беа направени за време на нејзините минати настапи со ДНК.

Нејзината емотивна објава растажи многумина, а посебно фановите на бендот што беше еден од омилените во Македонија.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

Потсетуваме, фронтмените на бендот беа Андреј и Панчо, кои беа мошне ценети меѓу своите колеги музичар од Македонија.

Нивниот придонес во музиката и нивниот стил оставија длабока трага во нашата модерна музика, а во јавноста беа познати и по големиот број хумани дела што ги направија во текот на својата кариера. И како такви, тие ќе останат да им бидат инспирација на многу наши музичари од идните генерации, а сите што ги познаваа и денес се соединети во болката, но и во сеќавањата на сите оние моменти поминати заедно што остануваат засекогаш.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

Една од нив секако е и Ана, која беше со нив на сцената кога се случи страшната несреќа и која успеа да се спаси.

Со нејзините последни објави таа покажа колку ѝ недостигаат колегите од бендот, но и дека на сите нас ни останува да се сеќаваме на нивниот талент и на сето она што тие го преставуваа. Нивната музика ќе остане да живее и понатаму, а спомените ќе останат засекогаш врежани во срцата на оние што ги сакаа, почитуваа и кои уживаа во нивните песни.

Инстаграм/ Ана Костадиновска

„А душа боли, и ќе боли…“, како што вели и Ана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button