Потопете ги стапалата во млеко и сода бикарбона – ќе добиете фантастичен резултат!
Доколку имате проблем со груби пети и задебелувања на стапалата, ова дефинитивно е вистинската работа за вас.
Во денешно време е навистина тешко да стасаме да отидеме на педикир – или немаме време или немаме пари! А од самиот поглед на вашите стапала ви се крева косата на главата, посебно летно време, кога повеќе се изложени на надворешни влијанија (и на увид, секако). Не очајувајте, со овој рецепт ќе добиете совршено негувани стапала, и тоа за многу кратко време.
Во прашање е едноставен и ефтин трик од домашната работилница. Одлично ќе ви дојде во кој било период од годината. Се што ви е потребно се 2 до 4 шолји млеко и две-три кесички сода бикарбона.
Загрејте го млекото , ставете го во соодветен сад и потпопете ги стапалата во него. По 5 минути, измасирајте ги стапалата со сода бикарбона и потопете ги уште 5 минути во млекото. Тоа е тоа!
За детално упоатство погледнеет го видеото:
{youtube}DeIhmoxGwCs{/youtube}