Реклама
Нега и здравје

Потенки нозе за само 7 дена

Реклама

Вежбате напорно, а сеуште не можете да го облечете омилените фармерки, ниту фустанот кој неодамна го купивте и сте нестрпливи да го пробате?

Маркетинг

Вежбањето не значи секогаш дека ќе го добиете посакуваниуот резултат. Тоа е лошата вест за вас, а добрата е тоа што сте почналае да вежбате, што значи дека ви останува уште да ги изберете вистинските вежби и ќе го добиете посакуваното. Па така, доколку сакате да имате потенки бутови, тогаш тоа можете да го направите за само 7 дена. Се што треба да направите е по 20 минути дневно (па вие веќе вежбате и ова нема воопшто да ви претставува проблем, нели?) да ги вежбате овие вежби од кардио програмот осмислен за овој дел од телото и за многу брзо време ќе изгледате како што сакате!

Возете велосипед во воздухот

Легнете на грбот, подигнете ги нозете и почнете да возите велосипед во воздухот. Ова е супер вежба за мускулите на бутовите и задникот, која што можетре да ја правите  додека ја гледате омилената серија на ТВ, а резултатите ќе ги забележите многу брзо.

Маркетинг

Без чучњеви ништо!

Свиткајте ги колениците во получучњеви, ставете ги рацете на колковите или половината и почнете лесно да се спуштате кон подот се додека не почувствувате болка во бутните мускули. Исправете се и повторете ја вежбата најмалку осум пати. Кога ќе добиете кондиција, ќе можете да ја правите во повеќе серии.

Вежба која мора да ја знаете

Легнете на грбот, свиткајте ги нозете на коленмата, а рацете испружете ги покрај телото и гледајте рамно во плафонот. Поставете свиткана крпа измеѓу колениците, како внатрешната страна на вашите бутини би учествувала, и подигајте го задникот. Оваа вежба повторете ја 15 пати во една серија и не заборавајте на правилното дишење.

{youtube}5OQXAm7JKuM{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button