Посветен татко, љубител на природата и тетоважите: Кој е Џејмс, зетот на Росана и Трупче? (Фото)

Зетот на Росана Сариќ-Тодоровска и на нејзиниот сопруг Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, Англичанецот Џејмс Холт, е личност која привлекува внимание поради својот карактер, стил и животни навики. Тој е сопруг на нивната ќерка Ивана и татко на двајцата слатки момчиња – Ноа и Матео.
Иако од друга земја и друга култура, Џејмс одамна е прифатен како дел од семејството. Росана во повеќе наврати истакнувала дека тој е „длабоко посветен татко, грижен сопруг и човек со големо срце“.
На неговиот фејсбук-профил може да се види дека најголемиот дел од времето го минува со Ивана и нивните деца. Објавите откриваат човек кој искрено ужива во природата, кој сака да патува, да планинари и да поминува време со животни.
Љубовта кон тетоважите е уште една негова препознатлива страст – која ја споделува и со сопругата Ивана. На заедничките фотографии двајцата зрачат со топлина и модерност, а нивните синови Ноах и Матео секогаш се во центарот на вниманието.




