Постарите од 40 години најдобро работат кога работат само 3 дена во неделата, покажале резултатите од едно истражување.
Истражувачите заклучикле дека когнитивната ефикасност на средновековните луѓе се подобрува кога работат до 25 часа неделно. Од друга страна, перформансите се намалуваат кога за недела дена поминале повеќе од 25 работни часа, поради влијанието на уморот и стресот. Ова го покажала една објавена студија која вклучувала низа когнитивни тестови.Во студијата биле вклучени 3.000 мажи и 3.500 жени од Австралија и биле анализирани нивните работни навики. Тестирана била нивната способност гласно да читаат зборови и бројки, а се мерела нивната способност за паметење и за размислување.
Било заклучено дека учесниците кои работат 25 часа неделно биле поуспешни во овие активности, додека резултатите на оние кои работат 55 часа биле полоши дури и од невработените учесници.