Ако постите и сакате да внесете промени во вашата исхрана, ви предлагаме да си направите мафини од сладок компир и овесни снегулки за појадок.
Исто така, со мафините можете и пријатно да ги изненадите вашите гости! Оваа интересна рецепта ја најдовме на блогот Glueandglitter и сметаме дека на многумина ќе им се најде во периодот на велигденскиот пост.
Потребни состојки:
1 шолја овесни снегулки
1 шолја пченично брашно
1 лажичка прашок за пециво
½ лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет
½ лажичка мускатно оревче
¼ шолја мелено ленено семе
1 шолја варен и изгмечен сладок компир или пире од тиква
¾ шолја кафеав шеќер
1/3 шолја маслиново масло
½ шолја бадемово или соино млеко
1 лажичка екстракт од ванила
Трошки за посипување
¼ шолја овесни снегулки
¼ шолја бело пченично брашно
¼ шолја шеќер
1 лажица маслиново масло
1 лажичка екстракт од ванила
Вклучете ја рерната да се загрее на 200C. Во еден голем сад измешајте ги сите суви состојки за мафините, потоа додадете ги сите мокри состојки и сé добро измешајте. Сипете ја смесата во калапи за мафини обложени со хартиени корпички така што ќе наполните ¾ од корпичката.
Измешајте ги убаво сите состојки потребни за трошките за посипување и на врвот на секој мафин ставете по една лажичка од трошките.
Печете 15 минути во загреана рерна.