Пробајте ги овие ситни, вкусни и неодоливи слатки кои ќе ги паметите долго.
Потребни состојки:
- 400 грама маргарин
- 10 лажички вода
- 400 грама шеќер во прав
- 400 грама мелени лешници
- 400 грама мелени посни бисквити
- 100 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка: Сите состојки, освен чоколадото, добро измешете ги за да се соединат. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела и оставете ги да постојат најмалку два часа во фрижидер. Кога добро ќе се оладат, во едната додајте го стопеното чоколадо на пареа, па добро промешајте. Смесата без чоколадо ставете ја во еден сад, а потоа врз неа додадете ја онаа со чоколадо. По желба прелијте со глазура од чоколадо и до сервирањето чувајте ја во фрижидер. Пред сервирање исечете на ситни коцкички.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .