Сигурно овој рецепт со пиво ви звучи необично, но вреди да го испробате!
Потребни состојки за тесто:
- 250 грама мед
- Половина чаша пиво
- 200 грама шеќер
- 300 грама брашно
- 1 кесичка сода бикарбона
Потребни состојки за фил:
- 300 грама ореви
- 300 грама шеќер
- 150 грама мелено жито
- 2 ванилин шеќер
Начин на подготовка: Измешајте го медот и пивото. Додајте ја содата, брашното и шеќерот, па замесете тесто од кое ќе испечите четири кори. Сварете сируп од шеќерот и една чаша вода. Додајте ги мелените ореви, меленото жито и ванилиниот шеќер. Филувајте ја секоја кора и редете ги наизменично, па на крај декорирајте со менлени ореви.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .