MAMAРецепти

Посна торта без печење „Бел ангел“ за Архангел Михаил – секое залче го открива Рајот, секое парче е благослов

Совршен десерт за свечена празнична трпеза.

Advertisement

Утрешниот ден, 21 ноември, е посебен во православниот календар – се слави Св. Архангел Михаил, една од најпочитуваните и најголемите есенски слави. Оваа слава годинава е посна, а во многу домови токму Архангеловден ја означува и духовната подготовка за претстојните зимски празници.

Како за секоја посна слава, така и за оваа, домаќинките бараат десерти кои се вкусни, кремасти, богати, а сепак без млечни производи и јајца.

Advertisement

Посните торти често знаат да бидат предизвик – но не и оваа!

Тортата „Бел ангел“ одамна е хит меѓу посните десерти. Лесна е за подготовка, не бара печење, има богат фил, прекрасна комбинација на ароми и изгледа свечено, токму како што доликува за славата на „војводата на небесната војска“.

Совршена е за големи семејни собири, за свечена атмосфера и за сите кои сакаат нешто навистина убаво и превкусно, но и посно.

пекселс

Еве го рецептот:

Потребно е:

1 пакет розен-кори

1 литар соино млеко со вкус на ванила

3 кесички пудинг со вкус на слатка павлака

200 г бела посна чоколада

250 г посен маргарин

200 г шеќер во прав

200 г печени мелени лешници

1 литар растителна посна слатка павлака

Подготовка

Разматете ги пудинзите во мал дел ладно соино млеко.

Преостанатото млеко ставете го да зоврие, па згответе го пудингот како вообичаено.

Додека е уште жежок, додадете ја искршената бела посна чоколада и мешајте додека целосно не се стопи. Оставете да се излади.

Во меѓувреме, изматете го маргаринот со шеќерот во прав до пенеста смеса.

Во изладениот пудинг додадете ја смесата од маргарин и матете додека добиете воздушест, кремаст фил.

Додадете ги мелените лешници и кратко изматете повторно.

Одделно изматете ја посната слатка павлака.

Потоа составете ја тортата по овој редослед: кора – фил – слатка павлака, и така редете додека ги искористите сите состојки.

Последниот слој треба да биде слатка павлака за убав, чист и мек изглед.

Оставете ја тортата да отстои неколку часа (или најдобро да преноќи) во фрижидер за да се стегне и да ги спои вкусовите.

Среќна слава!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button