Огласи
Рецепти

Посна штрудла со јаболка – старински рецепт што враќа спомени од детството

Овој рецепт за посна штрудла е старински, од времето на нашите баби, а кога ќе ја подготвите, сигурно ќе ве врати барем две децении наназад, во времето кога целата куќа мирисаше на домашни деликатеси.

advertisement
advert

Великиот пост веќе трае, секогаш е добро да се подготви некој вкусен десерт, а ние ви носиме рецепт за посна штрудла.

За оваа штрудла не ви треба многу време ниту посебни вештини.

принтскрин јутјуб

Состојки:

1 пакување квасец

реклама

2 лажички шеќер

300 мл топла вода

500 г брашно

Марpкетинг

Прстофат сол

50 мл масло

1 лажичка оцет

6-8 јаболка

50 г шеќер

Цимет по вкус

2 лажички мелени ореви (по избор)

Прстофат рендана кора од лимон

принтскрин јутјуб

Подготовка:

Во топлата вода растопете го квасецот со шеќерот и оставете да нарасне.

epp

Во брашното додадете сол, масло и оцет, па соединете го со квасецот. Замесете меко, мазно тесто, покријте го и оставете го да стасува 1-2 часа.

Јаболката излупете ги, изрендајте ги и ставете ги во тава. Додадете шеќер, цимет, ореви и кора од лимон, па динстајте додека омекнат.

Тестото поделете го на два дела и развлечете две тенки кори. На секоја нанесете фил од јаболка. Завиткајте ги штрудлите и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 30 минути, додека поруменат.

Вкусете ја оваа превкусна, миризлива посна штрудла што ќе ве врати во времето на безгрижните детски денови!

epp2
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button