Рецепти

Посна чорба од компир и моркови според рецепт од Света Гора

Реклама
Реклама

Еве како монасите на Света Гора прават посна чорбичка од моркови и компири и со која можете да се почестите доколку постите.

Големи компири од светогорските бавчи (сите се големи и тежат скоро половина килограм) готвачот, неговите помошници, монасите кои во моментот немаат други послушанија и гостите кои се во манастирот заедно ги мијат, лупат и сечат на коцки. На истиот начин се прават и морковите, сечејќи се на тенки кругови. Доколку станува збор за ден во кој може да се јаде масло, тогаш исечканиот лук може да се пропржи, но ако е посен, тогаш лукот само се омекнува во топла вода. Потоа се додаваат компирот и морковите, се става сол, се поклопува и се вари на тивок оган. Кога зеленчукот ќе омекне, супата се згуснува, садот се става на крајот од шпоретот и се додава ситно исецкан магданос и хиландарско или некое друго оригано од Света Гора.

Маркетинг

Рецепт од Манастирот Хиландар на Света Гора

Маркетинг

Па, пријатен апетит.. и еве ви убава музика за во позадина.

{youtube}Vutw0a_wtRE{/youtube}

Извор: Штипка, posnajela.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button