Наши ѕвезди

Последното збогум на мајката и сопругата на пејачот од Македонија што почина – умре во нејзините раце

Тажна глетка на гробиштата во Тетово

Advertisement

Познатиот албански пејач од Тетово, Шпат Касапи, вчера беше погребан во неговиот роден град.

Шпат почина четири дена претходно, од последици од срцев удар, на 40-годишна возраст.

Advertisement

Во вечното почивалиште беше испратен на гробиштата во Тетово од страна на семејството и блиските пријатели.

Инстаграм

Беше познат во Македонија, но и на Косово и Албанија, а зад себе имаше бројни хитови испеани на албански јазик.

Неговата кариера започна на почетокот од 2000-те, а веста за неговата смрт ги шокираше неговите пријатели и колеги.

Инстаграм

Неговата мајка Ѓилумсер Касапи беше пратеничка од редовите на СДСМ, а и тој работеше како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада, Артан Груби.

Шпат зад себе остави неутешна сопруга и малолетно дете, а неговиот живот згасна за време на нивното патување во Италија.

Инстаграм

По неговата смрт на социјалните мрежи се огласи неговата сопруга Слвија Јао која се збогуваше од него со потресна објава.

„Не остави тука сами, без тебе. Почина во моите раце. Колку бевме блиски, колку се обидувавме да ја чуваме нашата приватност. Секогаш ми зборуваше дека ќе ме сакаш додека смртта не нé раздели. Зошто почина во моите раце? Зошто вака ми го скрши срцето, љубов моја? Се надевам дека повторно ќе те сретнам во рајот. Господ те сакаше блиску него, но јас одвај чекам да се разбудам од овој кошмар и да те пронајдам повторно со нас“, напиша на својот профил на социјалните мрежи сопругата на пејачот.

Инстаграм

Како што пренесуваат медиумите, Шпат починал во италијанскиот град Монзи, каде престојувал со сопругата Селвија и нивниот син Роел. Тие наводно заминале во оваа земја за да побараат медицински совет и лекување за нивниот малолетен син, пишува Телеграфи.

На социјалните мрежи од пејачот се збогуваше и американската пејачка со албанско потекло, Беба Реџа.

Принтскрин/ ИндексОнлајн

На снимките од погребот можат да се видат како мајката на Шпат и неговата сопруга скршени од болка се збогуваат од уметникот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button