Наши ѕвезди

Последните моменти кога ја слушнав нејзината смеа – мајката на Ивона објави снимки што кинат душа

Мајката на младата девојка што беше една од жртвите во пожарот во Кочани сподели тажни видеа

Advertisement

Непребол…

Мајката на 21 годишната Ивона Антова што загина во пожарот во Кочани сподели неколку тажни снимки.

Advertisement

Стојка Иванова Антова, мајката на Ивона од Кочани што беше една од жртвите во страшниот пожар што се случи во ноќниот клуб „Пулс“, на профилот на социјалните мрежи сподели снимки од својата ќерка.

Фејсбук/ Стојка Иванова Антова

Скршена од болка оваа мајка сподели и тажен текст во кој открива дека ова се последните мигови додека Ивона беше жива.

„Тоа се последните моменти кога ја слушнав нејзината смеа, последните секунди кога мојата душа ја видела радоста пред да ја згасне злото“, пишува оваа мајка скршена од болка на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Стојка Иванова Антова

Гледам како моето дете се турка кон вратата. Гледам функционери, луѓе, маса, хаос. Гледам како ја туркаат, како ја буткаат, како се бори да излезе, како бара само воздух… само живот.

Моето дете тука — чекор пред излез, чекор пред спас… а никој не ја прибрал. Ја туркале назад, ја газеле, ја удирале. Гледам како се бори за здив, како паѓа, како ја покрива чадот, како ја губи свеста… како ја колнат тие последни минути. Сè е забележано. Сè е заробено во тие секунди што мене ми се вечност.

Фејсбук/ Стојка Иванова Антова

Гледам како во паника, со глас што трепери, бара помош:

„Брат… помогни…“

И никој не слуша.

Никој не простега рака.

Никој не го спасува најдрагоценото што сум го имала, пишува Стојка на својот профил на социјалните мрежи.

Нејзината цела објава погледнете ја вo продолжение:

Потсетуваме, во пожарот што се случи на 16. март во дискотеката „Пулс“ во Кочани згаснаа животите на 63 луѓе, а повредени беа преку 200 лица од кои повеќето беа хоспитализирани во странски болници.

Ова е еден од најтрагичните настан во поновата историја на нашата земја, а најмладата жртва имаше само 16 години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button