„ 12.08.1970, е последниот настап во живо на нeзаменливата рок diva – Janis Joplin, кој предизвикува стампедо на Универзитетот Харвард (Harvard University) ! “
За нејзиниот настап на Harvard Stadium во Boston, капацитетот беше сведен на само 10.000 билети. Сепак, речиси 40.000 фанови се појавиле на влезот на стадионот таа вечер, туркајќи и расправајќи се со цел да ја видат 27-годишната Janis..
Тој настап го извела со голема леснотија, со голема чистина на музички план, но преку истиот се покажала нејзината пијана состојба, поради која ги мешала зборовите на текстовите. Исто така, нејзините придружувачи, или подржувачи (како сакате), The Full Tilt Boogie Band свиреле преку инфериорна и набрзина собрана звучна опрема, од причина што нивните засилувачи биле неодамна украдени.
Joplin умре за помалку од 2 месеци покасно, на 4 Октомври, од предозираност со хероин. Имаше само 27.
За жал, не се достапни снимки од истиот, па затоа да ја слушнеме “Summertime” во незаменлива изведба на Janis Joplin.
{youtube}mzNEgcqWDG4{/youtube}
За останати текстови, кликни тука!