Огласи
Наши ѕвезди
COVER STORY

Последната заедничка објава на Андреј и Панчо ќе ви ги НАСОЛЗАТ ОЧИТЕ – еве каков човек изгубивме!

Беше хуман до последен здив

advertisement
advert

Пејачот од „ДНК“ Андреј Ѓорѓиески загина во страшниот пожар што се случи претходниот викенд во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Неговиот погреб беше вчера, кога семејството, пријателите и голем број фанови го испратија во неговото вечно почивалиште.

Беше оженет со Наталија, а пред нешто повеќе од месец дена го прослави својот 43 роденден. Зад себе остави малолетна ќеркичка Јана.

реклама

Тој заедно со Владимир Блажев Панчо во 2001 година ја основаат групата ДНК, а првиот албум го објавуваат во 2005 година.

Принтскрин/ Инстаграм

Но покрај успешната музичка кариера, Андреј заедно со Панчо беше познат и како голем хуманитарец, човек кој секогаш се грижеше за оние на кои им е потребна помош.

Марpкетинг

Но за жал, токму така и загина, сакајќи да им помогне на другите – излегол од пожарот, па се вратил за да спасува други.

Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, на профилот на ДНК се уште стои последната објава на која Андреј и Панчо заедно, а која ја покажува нивната хуманост.

Имено, тие само неколку дена пред кобната вечер беа во посета на едно момче од Ѓорѓе Петров за да му помогнат како нему, така и на неговата болна мајка, покривајќи ги нивните трошоци колку што можат.

Принтскрин/ Инстаграм

И како што сами објавија на нивниот Инстаграм, тие побараа од хуманите луѓе да му помогнат на ова сиромашно семејство на кое му е исклучена дури и сметката за струја, па додека разговарале седела осветлени на свеќи, што го напишаа во нивната објава.

Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, додека разговаравме, седевме осветлени од неколку свеќи, па ги запрашавме што уште би можеле да им помогнат останатите хумани луѓе кои се во можност да донираат и излезат во пресрет. Ни кажаа дека најнеопходно им е да добијат ФРИЖИДЕР, БОЈЛЕР и било каков телевизор. Сите оние кои се во можност, од срце би ве замолиме да помогнете, кој колку може, и доколку сакате да го споделите постот, се со цел да стигне до што поголема број на луѓе, пишува во овој нивен, последен заеднички пост на социјалните мрежи.

Потсетуваме, во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а преку 190 се повредени.

epp

Принтскрин/ Инстаграм

Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорги Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но во моментот е во болница со тешки изгореници и е приклучен на кислород. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која е на домашно лекување.

Покрај Ана и Панчо, од несреќата се спаси и гитаристот Горан Танев и тие се единственитечленови на бендот што ја преживеаја несреќата.

Бонус видео

Ако утре ме нема…

 

epp2
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button