Огласи
Новости

Последната порака што Сузана му ја посвети на Поповиќ ги растажи сите – со него секогаш беше насмеана

Насмевка на лицето и емотивни зборови...

Естрадниот маг Саша Поповиќ почина на 1. март по кратко и тешко боледување, во една од најпознатите клиники во Париз.

Поповиќ последните мигови од животот ги помина заедно со семејството – сопругата Сузана Јовановиќ и децата Александар и Даниел.

Со нив во Париз беше и снаата на Поповиќ, односно сопругата на Даниел, Тијана, која исто така е блиска со семејството.

Реклама

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сопругата на Поповиќ, Сузана, со која тој беше во брак три децении, е неутешна и секој ден го посетува неговиот гроб.

Колку тие беа блиски и колку се сакаа може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Имено, на нејзиниот профил на Инстаграм стојат фотографии кои зрачат со љубов што тие двајца ја чувствуваа еден он друг.

Инстаграм/ Сузана Јовановиќ

„Мојата љубов“, пишува на нивната последна заедничка фотографија што Сузана ја има споделено на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Александра Поповиќ

Инаку, Сузана со денови по смртта на Саша не е огласуваше, а во својата последна објава го напиша следново:

„Им се заблагодарувам на сите добри луѓе кои ни изјавија сочувство и кои сочувствуваат со нашата болка“, напиша вдовицата на Поповиќ, 11 дена по неговата смрт.

Инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Потсетуваме, Саша и Сузана беа три децении во брак, а кума на нивната свадба беше Лепа Брена со која Поповиќ ја основаше „Гранд продукција“.

Нивниот прв бакнеж се случи на свадбата на Злата Петровиќ, со која Саша претходно беше во врска.

Тие важеа за еден од најскладните естрадни парови, иако Поповиќ речиси секогаш бил опкружен со најубавите жени.

Инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Од овој брак ја добија ќерката Александра, додека Даниел е син на Сузана од првиот брак, а Саша го сакаше како свое дете.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button