Реклама
Вести и политикаЦрна хроника

Последната порака на Вања од нејзиниот татко пред грозоморното убиство – ова ги растажи сите

Може ли судењето на Вања и Панче да почне од почеток?

Реклама

На 20 јануари, треба да продолжи судењето на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Новото рочиште е закажано за овој датум, кога јавноста воедно и ќе дознае дали и судијата Ивица Стефановски ќе биде изземен од судењето, по барање на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Имено, Палчо на последното рочиште кое се случи на 20 декември побара да биде изземен претседателот на судскиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што посочи првообвинетиот, судијата бил необјективен, пристрасен и не му дозволувал правична одрана во текот на изминатите одржани рочишта.

Маркетинг

Потсетуваме, исчезнувањето на Вања Ѓорчевска се случи на 27 ноември 2023 година и овој случај го дигна целиот регион на нозе, а шокантното откритие откако нејзиното безживотно тело беше пронајдено, како и телото на Панче Жежовски од Велес, и овие два случаи беа поврзани, ја отворија Пандорината кутија,

На самиот почеток од судењето началникот на одделението за насилен криминал, Дејан Димовски, изјави дека два часа по киднапирањето на Вања, таткото Александар Ѓорчевски бил забележан како со возилото поминува покрај хотелот Александар Палас и возел кон Качаначки пат, а тоа всушност е истиот пат по кој се движеле и Цитроенот и Реното по киднапирањето на Вања.

Маркетинг

Принтскрин/ МВР, Гугл, Фејсбук

На прашањето како знае во кој правец да се движи за да ја лоцира Вања, тој изјави дека од филмовите заклучил дека киднаперите секогаш се движат кон најблиската граница, но не пошол во тој правец, заради преголема гужва.

Како што изјави Дејан Димовски тогаш на судењето, сето ова било чудно, посебно што таткото како да ги предвидувал настаните.

„Од друга страна обвинетите изјавиле дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека девојчето ќе биде само кога ќе тргне на училиште. Тогаш сомневањата на инспекторите се зголемите, иако не знаеле зошто таткото би бил вмешан во грозоморниот случај“, изјави тогаш началникот Димовски.

Принтскрин/ Фејсбук

Од друга страна, началникот на судењето откри и дека Вања имала виртуелен дечко од Шведска со кого често комуницирала.

„Работевме на теории кои не водеа од разговорите од родителите. Ни кажаа дека Вања имала виртуелен дечко од Шведска, многу често комуницирале. Го пребаравме неговиот профил на фејсбук, имаше знаме од Исис. Па се насочивме кон него. Дали влегол во државата и на тоа изгубивме доста време“, сведочеше на едно од претходните рочишта началникот Дејан Димовски објаснувајќи во детали како била вршена потрагата по исчезнатата Вања.

Началникот тогаш и ја спомена избришаната порака од страна на таткото на Вања во Вибер групата на родителите од нејзиното одделение.

Како што посочи Димовски, таткото напишал „Кажи колку пари ти требаат“, по што ја избришал пораката, а адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, изјави дека станува збор за нешто друго и дека оваа порака нема никаква врска со случајот.

Принтскрин, Порталикс

Последната порака што таткото на Вања и ја испратил ноќта пред киднапирањето

Началникот тогаш сведочеше и дека во телефонот на мајката на Зорица била пронајдете порака испратена вечерта пред киднапирањето. Според Димовски, тоа било копија од комуникацијата на Вања и Александар на социјалните мрежи во кои тој и вели дека ќе биде студено и да се облече убаво.

За убиството на Вања и Панче обвинети се Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, додека како соизвршители е обвинет и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање. На првото рочиште сите обвинети се изјаснија за невини за делата што им се ставаат на товар, а таткото на убиената 14-годишна Вања во едно од претходните судски рочишта изјави дека е невин и дека на никој начин не учествувал во грабнувањето на неговата ќерка, како што тврди Обвинителството.

„Јас загинав на 27 ноември, чувствувам болка што не може да се објасни со зборови. Но, во овој процес ќе помогнам целосно да се расчисти оваа работа со имиња и презимиња”, рече Ѓорчевски на едно од рочиштата.

Тој пред судот се изјасни дека не е виновен за делото за кое се товари од Обвинителството, додека според обвинителниот акт, Ѓорчевски бил во контакт со Палчо и му давал информации кога Вања сама ќе оди во училиште за да биде грабната и да се бара откуп.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button