Наши ѕвезди

Последната порака на сопругата на Андреј од ДНК до политичарите треба сите да ја прочитаат (фото)

Без калкулации, без привилегирани и без заборавени...

Advertisement

„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе“, вели Наталија во своето обраќање.

Сопругата на Андреј Ѓорѓиески, еден од фронтмените на ДНК кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ се огласи.

Advertisement

Наталија овој пат се обрати до јавноста преку Фејсбук, а нејзината порака може да ја прочитате целосно во продолжение.

Фејсбук

Таа бара неселективна правда без калкулации и привилегирани, а доколку не биде спроведена истата, тогаш ќе зборуваат се погласно, но и ќе бараат одговорност и оставки од одговорните.

Advertisement

Таа оваа својата објава ја напиша како коментар на еден новинарски текст за протестот на родителите на настраданите во пожарот.

Фејсбук

Наталија и претходно се огласи, и тоа еден ден по смртта на нејзиниот сопруг, кога бараше да не се шират невистини за случајот.

Таа тогаш напиша и дека пиротехниката не е донесена од страна на бендот, но воедно го критикуваше и нехуманото однесување кон неа и кон нејзиното малолетно дете од страна на службите.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Фејсбук

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во Кочани за време на концертот на ДНК загинаа 62 млади лица.

Фејсбук

Покрај загинатите има и многу тешко повредени кои се уште се лекуваат, а повеќето од нив се млади луѓе.

Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но се уште е на лекување во болница со тешки изгореници. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, како и младиот гитарист Горн Тонев од Штип.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button