Наши ѕвезди

Последната објава од ДНК ќе ве расплаче, еве какви луѓе изгубивме – хуманоста им беше во крвта (фото)

Секогаш кога можеме, треба да им помагаме на оние на кои помошта им е неопходна, бидејќи заедно секогаш сме посилни, нели?

Advertisement

Животите на осум члена на бендот ДНК згаснаа во страшниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Помина месец дена од големата трагедија што се случи на концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога загинаа 61 млади лица.

Меѓу загинатите имаше и 6 деца, а речиси 200 лица беа сериозно повредени меѓу кои 25 немаат 18 години.

Advertisement

Еден месец по несреќата, Кочани се уште е во агонија и шок, а низ градот го нема оној младешки џагор како порано, пред несреќата.

Фејсбук, ДНК

Непребол…

Молк и на Фејсбук страницата на ДНК, групата која беше поприлично активна на социјалните мрежи, а меѓу последните објави се уште стои апелот за помош на малото девојче кој датира од 13 март.

Advertisement

Станува збор за нивната последна објава на нивната официјална Фејсбук страна. Истата е споделена само неколку дена пред несреќата, но таа е само една од многуте нивни вакви објави со кои членовите на бендот ја покажуваа својата хумана страна и несебично секогаш им помагаа на оние на кои помошта им беше најпотребна.

Фејсбук, ДНК

Овој пат нивната објава беше за малата Бела, девојчето кое има 4 години и се соочува со предизвикот на церебрална парализа.

Еве што напишаа тогаш од ДНК:

„Здраво на сите ☺️Во име на Бела сакаме да ве поздравиме и воедно замолиме да свртите на бројчињата кои се на сликата, за Бела да и покаже на болеста дека може да ја победи! Заедно секогаш сме посилни. 🥰 Гушки од Бела“, напиша тогаш некој од членовите на бендот, а само неколку дена подоцна се случи несреќата од која сите се уште сме во шок.

Фејсбук, ДНК

Хуманост до последен здив

Да, ДНК не беше обична група, тие беа многу повеќе од тоа, а со својата хуманост на сите ни покажуваа дека никогаш не треба да ги заборавиме оние на кои помошта им е најпотребна и секогаш да помагаме.

Секој со своите можности, но секогаш со идејата дека заедно сме посилни и дека само сплотени може и планини да поместиме.

Инстаграм/ SupportKocani

Поддршка за Кочани

А впрочем тоа го покажаа и момците и девојките од „Супорт Кочани“, кои преку својата платформа собираат средства за семејствата на сите што се погодени од траорната несреќа што се случи во нивниот град.

Тие работат транспарентно и парите што се уплаќаат преку нивната платформа одат директно на сметките на семејствата.

Повеќе за нив тука.

Инстаграм/ SupportKocani

Задно и планини ќе поместиме

И секоја чест за она што го прават, но ајде и сите ние да помогнеме, секој колку може, бидејќи „заедно секогаш сме посилни“, нели?

Токму тоа го пишува и во последната порака од ДНК, а овие неколку зборови се нешто што не треба никогаш да ги заборавиме.

Па, да бидеме хумани, бидејќи заедно секогаш сме посилни!

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button