Наши ѕвезди

Последната објава на таткото на музичарот што загина во пожарот во Кочани ќе расплаче многумина

Еве каков талент беше младиот музичар чиј живот прерано згасна во страшната несреќа

Advertisement

„Лаву наш, гордост наша, на тато и мама и твоето братче Димитар, те сакаме“, напиша таткото на музичарот Горги Горгиев кој загина во несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој скршен од преголемата болка на една од своите последни објави на социјалните мрежи ги напиша овие претажни зборови, но сподели и неколку снимки од настапите на неговиот син.

Непребол…

Младиот музичар Горги Горгиев кој беше дел од ДНК, го загуби животот во страшниот пожар што се случи на 16 март во Кочани.

Advertisement

Тој беше погребан на гробиштата во Струмица, а неговиот татко на празникот Задушница сподели една снимка од синот.

Инстаграм/ Горги Горгиев

Станува збор за Драги Георгиев, татко на тапанарот Горги кој кобната вечер настапуваше со ДНК и беше еден од загинатите.

Advertisement

Неговиот татко сега, на празникот Задушница, сподели едно старо видео од својот син на кое се гледа како тој удира на тапан.

Принтскрин/ Фејсбук, Драги Георгиев

Покрај оваа снимка, таткото сподели уште неколку од настапите на војот син кои исто може да ги видите во продолжение.

Принтскрин/ Фејсбук, Драги Георгиев

Потсетуваме, Горги од Струмица беше еден од музичарите на ДНК кои загинаа во големата несреќа што се случи во „Пулс“ во Кочани.

Принтскрин/ Фејсбук, Драги Георгиев

Тој беше голем талент и сите му предвидува блескава кариера, секогаш насмеан и полн со позитивна енергија што ја пренесуваше на сите.

Принтскрин/ Фејсбук, Драги Георгиев

Беше омилен меѓу колегите кои по страшната несреќа со болка и неверување се збогуваа од него со претажни зборови.

Принтскрин/ Фејсбук, Драги Георгиев

Од Горги тогаш со емотивна порака се збогуваше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Градоначалникот тогаш напиша дека младиот Ѓорги беше човек со големо срце, кој преку музиката ширеше радост и емоции.

На социјалните мрежи тогаш беше споделена и последната снимка од Ѓорги и неговиот колега, Филип Стевановски, кој исто така загина.

Повеќе за ова прочитајте тука..

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button