Наши ѕвезди

Последната објава на Панчо со синот Андреја – ќе се расплачете, овие зборови болат многу (фото)

„Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветувам дека ќе те сакам до крајот на мојот“, пишува во објавата што Панчо ја сподели на својот Инстаграм профил, само неколку недели пред трагичниот настан што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Advertisement

Тажна вест денес ја растажи цела Македонија, посебно најблиските, но и неговите пријатели и фанови.

Трагичната вест дека почина Владимир Блажев-Панчо, од групата ДНК, денес ги растажи сите оние што го познаваа, но и неговите бројни обожаватели што ја почитуваа и слушаа неговата музика.

Advertisement

Панчо кој беше еден од членовите на ДНК почина во една приватна скопска клиника, каде се лекуваше скоро седум месеци.

Принтскрин/ Инстаграм

Тој беше еден од повредените во пожарот што се случи во ноќниот-клуб „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, кога загинаа уште седум членови и соработници на неговиот музички состав.

Advertisement

Според извори блиски до семејството, неговата состојба веќе некое време не била стабилна и докторите се бореле за неговиот живот.

Принтскрин/ Инстаграм

Во несреќата загина и неговиот другар и колега од ДНК, Андреј Ѓорѓиески, кој најпрво излегол од пожарот, но се вратил да спасува други.

Широко небо Панчо!

По веста за смртта на Панчо, бројни колеги и пријатели се збогуваат од него и преку социјалните мрежи.

Принтскрин/ Инстаграм

Тој беше близок речиси со сите од нашата сцена, така што денес бројни колеги и пријатели со солзи се сеќаваат на него, но и за несреќата што се случи и ја потресе цела Македонија, но и регионот.

Принтскрин/ Инстаграм

Во истата згаснаа животите на 63 млади лица, а преку 200 беа повредени од кои многумина се уште се соочуваат со проблеми.

Принтскрин/ Инстаграм

Цела естрада во солзи

На социјалните мрежи бројни познати споделија тажни фотографии со Панчо и изразија сочувство до неговото семејство.

Принтскрин/ Инстаграм

Неговата смрт ги растажи сите, но тагува и цела Македонија, посебно што сите се надеваа дека тој ќе успее да се спаси.

Боли и тоа што Андреј и Панчо беа познати и како големи хуманисти, па често донираа за сиромашни семејства и на болни луѓе, така што важеа за најхуманите музичари на македонската естрада.

Една од последните објави

Панчо речиси до последен ден до пред да се случи несреќата беше активен и на социјалните мрежи.

Неговите објави секогаш привлекуваа внимание, а една од последните и денес никого не става рамнодушен.

Станува збор за објавата во која Панчо е со неговиот постар син Андреја, а со која му го честиташе неговиот 14-ти роденден.

„Среќен 14-ти роденден Андреја. Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветувам дека ќе те сакам до крајот на мојот. Те сака, тато!“, пишува во објавата со која Панчо преку Инстаграм му го честиташе 14-от роденден на својот наследник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Фотографијата е споделена само неколку недели пред страшната несреќа, на роденденот на неговиот син.

Потсетуваме, Панчо од бракот со сопругата Маја со која се ожени во 2013 година, покрај Андреја го има и помалиот син Марјан.

Во страшната несреќа покрај Панчо и неговиот пријател Андреј Ѓорѓиески згаснаа и животите на уште шест други членови и соработници на бендот ДНК: гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски, инаку директор на Центарот за култура во Штип и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер, како и фотографот Александар Ефремов кој беше со нив речиси на сите настапи.

Во продолжение погледнете го и видеото во кое пејачката Тијана Периќ зборува за последната средба со Сара Пројковска, чиј живот исто така згасна во страшната несреќа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button