Последната објава на Халид го расплака целиот Балкан – пејачот ја сподели непосредно пред да почине
„Радувај се, тагата остави ја на мене“ - непосредно пред да почине Халид и ги посвети овие стихови на сопругата Сејда со која беше повеќе од 40 години. И токму за оваа песна е и објавата што Халид ја сподели на својот Инстаграм само неколку дена пред неговото заминување...

Пејачот со својата сопруга помина цели четири децении
Кралот на севдалинките, Халид Бешлиќ почина во 71. година од животот во клиничкиот центар во Сараево.
Неколку дена пред смртта беше објавена неговата последна песна, која Халид ја посвети на својата сакана сопруга, Сејда.
Принтскрин/ Јутуб
„Уште си млада како некогаш, Сејдо. Уште си убава како и оној ден кога покрај мене свитка гнездо, кога ми го даде срцето ти“.
„Радувај се, тагата остави ми ја на мене“, гласи дел од песната.
Љубов на прв поглед
Халид цели четири децении е дел од естрадата, а исто толку беше и со неговата сопруга Сејди со која има еден син Дино.
Тие се запознале во една кафеана, а интересно е што уште тогаш Халид и кажал во шега дека ќе ја ожени, што на крај и се случи.
Принтскрин/ Јутуб
„Не ја запознав сопругата на настап. Во кафуле каде што настапував, на влезот во Сараево… Тука работеше мојата снаа, беше готвачка и ме запозна со жената. Не излегуваше по кафани. Кога се запознавме, видов дека тоа е тоа, се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме. Толку години сме заедно и сè уште сме. Имаше тешки години во нашата врска, но сè надминавме…“
„Кога бевме помлади, тоа беше некако нормално“ изјави Халид во една пригода за неговата сопруга за медиумите.
View this post on Instagram
Круна на нивната љубов беше нивниот син Дино, но не им се оствари желбата да добијат повеќе деца.
Имено, на Сејда своевремено и беше дијагностициран рак на јајниците, кој го победи, но не можеше да остане повторно бремена.
Но во 2014 година од нивниот син Дино и снаата Махира добија близначиња – девојчето Ламија и момчето Белмин-Кан.
Халид на Инстаграм понекогаш ќе објавеше фотки со неговите внучиња, а на една од последните објави е со сопругата.
И Сејда беше во болница
Како што пренесуваат медиумите, и на неговата сопруга Сејди не и е добро, така што и таа лежела во истата болница.
Тие наводно лежеле соба до соба, а пејачот Осман Хаџиќ кој беше близок со Халид, откри дека Сејда е пуштена дома.
„Голема тага, што да кажам“, изјави тој за српскиот Телеграф.
Во продолжение погледнете ја последната објава што стои на профилот на пејачот, објавена неколку дена пред да почине.
View this post on Instagram
Откако беше објавена тажната вест, многумина под оваа објава на Инстаграм изразија сочувство до семејството, но споделија и тажни и емотивни зборови со кои се збогуваа од легендарниот фолк-пејач.