Наши ѕвезди

Последната објава на Фејсбук на младиот бизнисмен од Македонија што загина на мото-трките во Чешка

Во страшна несреќа почина младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, синот на Ванчо Чифлиганец

Advertisement

Јавноста и пријателите се збогуваат од младиот бизнисмен со потресни зборови на социјалните мрежи.

Младиот успешен бизнисмен Душко Чифлиганец трагично настрада на мото трките во Чешка на свои 32 години.

Advertisement

Тој го изгуби животот по несреќата што му се случи на мото-трките во Брно, во Чешка, кога се здоби со тешки повреди на главата.

Несреќата се случи на 2 август, а докторите од болницата во Чешка иако дадоа сé од себе, не успеаја да го спасат.

Advertisement

По вестите за неговата смрт, бројни негови пријатели и колеги се збогуваат со него преку социјалните мрежи.

Потсетуваме, Душко беше син на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец, сопственик на компанијата Адора.

Тој беше и заменик претседател на групацијата и директот на фирмата Adora Living Solution што го изгради иновативниот комплекс во Златибор, но и детската градинка заедно со фондацијата на Ѓоковиќ изградена во непосредна близина на планинскиот туристички центар.

Токму за овој проект Душко неодамна ја доби и наградата BIG SEE Opening Perspectives Interior Design Award во Словенија.

Ова беше уште еден значаен успех за Адора, но и на самиот Душко, за што сведочи и објавата на официјалната Инстаграм страница на компанијата, но и на самиот бизнисмен кој овој успех пред само неколку недели го сподели на својот Фејсбук профил.

„Ова признание е резултат на голема посветеност, иновација и бескомпромисен фокус на креативноста и квалитетот во процесот на создавање на еден навистина уникатен простор. Оваа награда добива уште поголемо значење ако се земат во предвид сите предизвици со кои се соочивме – глобалната пандемија, растот на цените на градежните материјали, и општата неизвесност на пазарот во почетокот на 2020-тите. Денес, хотелот по втор пат е прогласен за најпосетена локација во Златибор според Booking.com – што за нас претставува најголема потврда бидејќи клиентот секогаш најдобро го препознава квалитетот! Од срце се заблагодарувам на секој работник, инженер, архитект, дизајнер и сите останати што го дадоа својот труд и знаење во овој подвиг!“ напиша Душко тогаш на Фејсбук, па ги додаде и следните зборови кои денес, по неговата смрт, звучат мошне тажно.

„Иднината носи предизвици кои ние ги нарекуваме можности. Очекувајте нови убави работи наскоро! Ваш Адора тим!“, напиша Душко пред неколку недели на својот Фејсбук профил откривајќи колку значеше овој проект за него, но и колку беше посветен на работата што со голема љубов ја работеше.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button