Наши ѕвезди

Последната објава на Аца Лукас пред да биде уапсен во Македонија – цел Балкан во шок од новиот скандал

По скандалот со Цеца, повторно драма во Македонија

Advertisement

Последната објава на Аца Лукас, прeд да биде уапсен

Голема драма се случи вчера на концертот на Аца Лукас во Кавадарци кога пејачот беше однесен во полициска станица.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите, концертот на познатиот пејач бил сопрен нешто по полноќ од страна на полицијата.

Принтскрин/ Фејсбук, Хајп ТВ

Тој потоа бил однесен во полициска станица, а по инцидентот се огласи неговиот менаџер со необични обвинува.

Како што изјави Саша Мирковиќ, менаџерот на Аца Лукас, полицијата наводно го уапсила затоа што на грбот го носел македонското, наместо бугарското знаме!? Ова секако е тенденциозна изјава, а повеќе детали за настанот, наводно, ќе откри денес, на прес-конференција.

Принтскрин/ ТикТок

На социјалните мрежи испливаа и снимки од концертот, но и како пејачот го носат кон полициската станица.

Инстаграм/ Роберто Навали

Потсетуваме, Аца Лукас претходниот викенд заедно со Сузана Гавазова одржаа хуманитарен концерт во Швајцарија.

Од снимките што испливаа тогаш, публиката беше воодушевена од настанот, за кој се бараше влезница повеќе.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Тие испеаја и неколку песни заедно на сцената, а вирална е и снимката на оја се глеа како Аца Лукас тропа на тапани.

Тој го носи македонското знаме на грбот и заедно со своите музичари и ја изведуваат „Јовано, Јованке“.

Токму оваа снимка Аца Лукас ја сподели непосредно пред настапот во Кавадарци, со следната порака:

„Ја сакам Македонија“.

Инаку, според неофицијални информации пејачот бил приведен затоа што немал некој документ за работа или престој во Македонија.

Надлежните институции до овој момент се уште се немаат огласено во врска со целиот случај, а прес-конференција со повеќе детали најави и менаџерот на фолкерот, Саша Мировиќ.

Повеќе детали за тоа што претходно изјави Мирковиќ во своето обраќање преку социјалните мрежи, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button