Дури и насмевката на лицето на Ана која навистина многу ретко можеме да ја видиме, не можеше да ги спречи ширењето на гласините дека ова би можело да биде последна Мет гала забава во нејзина организација.
Таа на настанот се појави заедно со својата ќерка Би Шафер облечена во светкав фустан со потписот на модната куќа „Chanel“, додека нејзината 30-годишна ќерка носеше раскошен црвен „couture“ фустан од „Valentino“.
68-годишната Ана не ја тргаше насмевката од лицето и покрај тоа што се погласно се шушка дека славната уредничка наскоро ќе замине од компанијата „Condé Nast“. Таа е на функција уметничка директорка од 2013 година, а со самото заминување ќе ја напушти и позицијата главна уредничка на Вог. Според овие гласини Ана позициите наводно планира да ги напушти по реализирањето на септемвриското издание на познатиот магазин, односно поточно по свадбата на нејзината ќерка Би Шафер која во јули треба да се омажи за Франческо Кароцини, синот на познатата поранешна уредничка на италијанскиот Вог, Франка Соцани. Наводно венчавката на нејзината ќерка би и послужила како одличен изговор за причината за нејзиното заминување во пензија. Компанијата „Condé Nast“ и покај тоа што се обиде да го сопре ширењето на овие гласини, многу познати медиуми се уште пишуваат и претпоставуваат што би можело да се случува зад кулисите.
Па така се шушка дека ова е последната Мет гала забава која што ќе ја организира Винтур. Мет гала забавите и беа покренати токму од неа, во дамнешната 1995 година и оттогаш секоја година заедно со блиски соработници од Вог составуваат листа на највлијателни луѓе од естрадата. Манифестацијата е од хуманитарен карактер и секоја година се канат од 650 до 700 гости, и сите кои не се наоѓаат на листата за влез треба да издвојат 30.000 долари.
Поврзано со гласините дека Ана наскоро ја напушта компанијата „Condé Nast“, многу странски медиуми известуваат дека Мет гала повеќе нема никогаш да биде иста ако таа навистина си замине.
Манифестацијата која првенствено е основана за да се соберат средства за „Институтот за костуми“ кој се наоѓа во склоп на Музејот на уметноста Метрополитан во кој се чуваат преку 35000 костуми и модни додатоци од пет континенти, од кои некои се постари и од седум векови, во 2017 година собра преку 12 милиони долари за овие потреби, додека за организација на настанот беа потрошени 3.85 милиони долари.