Што ќе се случува во последната епизода од Парампарче?
Џихан ќе го направи она што никогаш не би помислиле дека може да го направи, но ако ви кажеме сега сигурно мнооогу ќе ве … :)
Токму затоа и нема да ви кажеме. Но ќе ви кажеме нешто друго
Во последната епизода, три месеци откако Хазал дозна дека Демир е убиецот, семејството Гурпинар се подготвува за венчавката на Џихан и Дилара. Џансу е среќна бидејќи е оперирана и бидејќи нејзините татко и мајка повторно се сакаат. Сега, кога ги реши сите свои поголеми проблеми, таа повторно е она старо, романтично и добро девојче.
И Екрем се подготвува за венчавката на својата ќерка, а бидејќи првите две ги пропушти, многу е среќен што конечно ќе биде присутен …
Кериман .. ах, старата добра Кериман, никој не ја сфаќа посериозно, поважно и подраматично свеченоста како неа.
Ќе дојде и Озан, Озан кој помина долг и тежок пат на самоспознание, Озан кој конечно ќе и прости на неговата мајка.
И сите се тука – и Хазал, и Асу, и на сите конечно им олесна и им се смешка убава и среќна иднина без поголеми турбуленции.