NEWSБизнис

Поскапува производот што сите го користиме – цените во маркетите нов шок за оние што не можат без него

Ново поскапување на кафето и до 25 % - ќе стане ли овој производ луксуз за многумина?

Advertisement

Ново поскапување што сите ги тревожи

Некои од најголемите производители на кафе моментално се во преговори со трговците заради новите поскапувања.

Advertisement

Станува збор за брендовите како Lavazze, Illy, Nestlé, но и многу други, кои мора да ги коригираат своите цени откако цената на кафето арабика е поскапено и повеќе од двојно само во последната година дена.

Цената на ова сирово кафе скокна откако неколку сезони по ред е намалено производството заради неповолните временски услови.

И додека производителите на кафе сакаат да ја зголемат цената, продавниците и супермаркетите се противат на нив.

Advertisement

Фото: Фрипик, Гламур

Тие не сакаат да ги потпишат новите договори, па затоа во некои маркети ги нема производите од овие неколку брендови.

Па така на пример холандскиот синџир супермаркети Алберт Хеијн, кој е најголем во оваа земја, остана без производите како „Douwe Egberts“ и „Senseo“.

По неколку недели овие производи се вратија на нивните полици, но овој пат со нови, повисоки цени, што беше ново изненадување за потрошувачите како во Холандија, така и во другите европски држави.

Целиот проблем е во тоа што цените на сировото кафе арабика на глобалниот пазар оваа година се повисоки за 20 %.

Кафето Lavazza во Македонија многу поскапо отколку во Италија?! Е добро бе, зарем сме толку богати?

Ова кафе обично се користи за пржено и мелено кафе, а цената на истото беше зголемена и претходната година и тоа за 70 %, посебно откако во Бразил, каде се произведува половина од ова кафе на светско ниво, ја доживеа една од најголемите суши во историјата на оваа земја,

И бидејќи во просек сировите зрна чинат околу 40 % од големопродажната цена на пакувањата пржено и мелен кафе, тоа значи дека потполното пренесување на минатогодишниот скок на цената на сировите зрна на потрошувачите оваа година би изнесувал околу 28 %, изјави Рег Ватсон, директорот за истражување на акции во холандската банка ИНГ, пишува Феникс магазин.

Фото: Фрипик

Кафето ќе стане луксуз?

Се смета дека во светот дневно се пијат по три милијарди шолји кафе. Најголеми консументи се земјите од ЕУ со 46,8 милиони вреќи (од по 60 килограми) годишно што е 28,1 отсто од глобалната потрошувачка. На САД отпаѓаат 16,1 процент со 26,9 вреќи, а на трето место е Бразил со 22,9 милиони вреќи или 13,7 отсто. Потоа следуваат Германија со 5,7 отсто, Јапонија со 4,7 отсто, Индонезија со 3,3 проценти, Франција со 3,2 отсто, Италија со 3,1 процент, Русија со 2,9 отсто и Канада со 2,4 проценти.

Според податоците на Меѓународната организација за кафе од 2020 година, 10 земји се најголеми производители. Предничат Бразил со 37,4 отсто од вкупната светска продукција или 63,4 милиони вреќи (од по 60 килограми) и Виетнам со 17,1 процент или 29 милиони вреќи. Потоа следуваат: Колумбија со 14,3 отсто, Индонезија со 7,1, Етиопија со 4,3, Хондурас со 3,6, Индија со 3,4, Уганда со 3,3, Мексико со 2,4 и Перу со 2,2 отсто од вкупната продукција.

Во останатиот дел од светот се произведуваат 18,4 милиони вреќи или околу 15 отсто од вкупната продукција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button