Наши ѕвезди

Поштарот од Скопје растури во Гранд – шармантниот Италијанец немаше шанси со него (видео)

Некое време работел во пошта, а познат е и по неговата песна „Поштарот Петре“

Advertisement

И додека Италијанецот доби гласови од Маре и публиката, Цеки ја однесе победата со преостанатите три освоени гласови.

Во третиот круг од „Никогаш не е доцна“ пејачот од Македонија, Зоран Рудан Цеки се натпреваруваше со Матија Цаната.

Матија е српскиот зет со потекло од Италија. Тие ги воодушевија сите со своите настапи, а Македонецот и овој пат настапи со песна од „Бјело дугме“, бендот што најмногу го сака.

Advertisement

Потоа публиката и гледачите можеа да се потсетат и на нивните досегашни настапи и на тој начин да одлучат кој оди понатаму.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

И додека Италијанецот доби гласови од Маре и публиката, Цеки ја однесе победата со преостанатите три освоени гласови.

Advertisement

Потоа, со одлука на стручното жири во четвртиот круг покрај Цеки се пласираа и Зорица Славиќ, Бранко Маринковиќ и Амира Хаџиќ, додека на крајот од емисијата од четворицата кандидати публиката избираше уште еден, и со најголем број на гласови во следниот круг помина и шармантниот Италијанец, Цаната.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Потсетуваме, Зоран е роден во Скопје и има 57 години, а на својот роден град му има посветено повеќе песни како легендарните „Џабе живиш у Скопје“, „Касно лето е во Скопје“, „Поштарот Петре“ и „Цепај сине“, сите напишани на препознатлив скопски жаргон.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Тој со музика се занимава од најмлади училишни денови, а во текот на својата долга музичка кариера бил дел од повеќе бендови.

Некое време работел во пошта, но како штo самиот изјави во една пригода за „Гранд“ не можел да издржи долго, па решил да и се врати на музиката.

Фото: Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна

Покрај тоа што пее, Цеки се занимава и со студиска работа, па така свири и компонира музика за себе и своите колеги, а работи и како аранжер и текстописец. Веќе со години редовно настапува на забави и прослави, а во Македонија познат е со своите настапи со бендот Бело копче.

Повеќе за Цеки прочитајте тука

Бонус видео

Поштарот Петре

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button