Реклама
Блогерија

Како беа облечени посетителите на Модниот викенд Скопје

Реклама

Модните ревии во светот предизвикуваат голем интерес кај публиката која сака да ги види најновите колекции на дизајнерите што се претставуваат, но и поради интересните комбинации кои ги носат самите гости.

Па, да видиме како изгледаа нашите ѕвезди и ѕвездички, модни уредници, блогери и трендсетерки на овогодинешното издание на Моден викенд Скопје.

Маркетинг

На 25 октомври во Музеј на Македонија се одржа последната вечер од Модниот викенд Скопје кој и оваа година како и претходните го привлече вниманието на сите вљубеници во модата. Но, покрај парчињата презентирани на ревиите на нашите познати дизајнери, оваа година можеа да се забележат и многу интересни комбинации на посетителите кои ги следеа и седеа во првите редови. Па така, на прв поглед заклучокот е дека годинава можеа да се видат доста шарени, разиграни и весели комбинации, но и елегантни и провокативни детали. Комбинации на различни стилски парчиња, во различни бои и дезени, надополнети со неизбежните модни додатоци и високи чизми или високи потпетици на нозете.  Што се однесува до машкиот пол, тука доминираа фармерките, сакоата со пачворк на ракавите и несредените бради. Кај девојките пак, не недостигаа ни дизајнерски парчиња кои во најголем дел беа успешно комбинирани со останатиот дел од гардеробата и додатоците. Погледнете ги наааајубавите аутфити во галеријата во продолжение.

види повеќе »

 

Маркетинг

Фото: FWSK | Ани и Дими

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button