Рецепти

Вкусен посен мајонез на три различни начини (РЕЦЕПТИ)

Реклама
Реклама

Кој вели дела мајонезот не е вкусен, тој сигурно не пробал ниту една од овие три алтернативи на обичниот мајонез. Пробајте, ќе ви се допадне!

Маркетинг

ПОСЕН МАЈОНЕЗ ОД ЛИМОН

 

6 рамни лажички густин
24 лажички вода
3 лажички сенф
9 лажички масло
Сок од ½ лимон
Бибер
сол

Маркетинг

Подготовка:

6 рамни лажици густин добро измешајте ги со 24 лажички вода се додека не се разбие секоја грутка, па сварете се заедно додека не се згусне. Кога масата ќе се излади, со непрекинато матење со миксер додадете прво 3 лажички сенф, а потоа една по една 9 лажички масло и на крај сок од ½ лимон. Мешајте со миксер додека смесата не стане компактна. Потоа додадете сол и бибер според вкус. Оставете го да стои на студено, најмалку 1 час пред да послужите или користите во другите посни јадења.

Време за подготовка 25 минути

ПОСЕН МАЈОНЕЗ ОД МЛЕКО ОД СОЈА

Потребни состојки

200 милилитри незасладен млеко од соја
300 мл масло
Една лажичка сок од лимон
2 лажички јаболков оцет
Лажичка сенф
Сол по вкус

Подготовка

Изматете го заедно млекото од соја и додадете полека 150 мл масло (останатиот дел од маслото оставете го за крај!). Кога млекото и маслото совршено ќе се спојат, повторно полека додадете јаболков оцет, сок од лимон и еден прстофат сол, па наставете да матете уште една-две минути. Потоа додадете една лажичка сенф и останатото масло и метете се додека не добиете креместа маса и вашиот мајонез е готов.

ПОСЕН МАЈОНЕЗ ОД КОМПИР

Потребни состојки

2 компири
Лажичка сенф
Сок од лимон
Лажичка бело вино
200 мл масло
Сол
Црн пипер според вкус

Подготовка

Компирот сварете го неизлупен, а откако ќе го сварите изладете го, излупете, испасирајте, па додадете сенф, бибер, сок од лимон и сол, и потоа добро измешајте ја добиената смесата. Додадете еден децилитар вода во смесата, повторно измешајте и започнете лесно да матите со миксер, додавајќи го полека маслото. Кога ќе добиете густ сок, ставете една лажичка бело вино и измешајте.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button