Секоја мајка е добра за своето дете, но оние посебните се издвојуваат по овие особини

Секоја мајка е добра за своето дете и не постои универзален начин на воспитување. Но, посебните личности се издвојуваат по овие особини.

Добрите мајки секогаш го гледат доброто во своето дете
Внимавајте, ова не значи дека ним секогаш им се допаѓа како се однесуваат нивните деца. Тоа значи дека и ако нивното дете направи нешто лошо, нивното срце ја одбива идејата дека детето е родено со лош карактер и веруваат дека е создадено да стане добар човек.
Добрите мајки не го држат детето само за себе и само до себе
Тие не го скратуваат детето од љубовта на другите, од страв дека повеќе ќе ги сака тие личности и слично. Тие го прават сосема спротивното, односно, развиваат однос помеѓу детето и таткото, детето и бабите и дедовците, а не само со своите родители, туку и со оние на сопругот.
Добрите мајки прават нивното дете да биде самостојно и независно
Тие имаат трпение додека детето усвојува нови вештини, што е многу тешко. Добрите мајки знаат дека детето не е нивна сопственост и улогата на родители ја сфаќаат како услуга со која преку љубовта на детето овозможуваат да си изгради една добра личност.
Добрите мајки се строги, одлучни и доследни кога е во прашање дисциплината
Тие знаат дека правилата треба да се почитуваат и не се плашат дека ќе ја изгубат љубовта од детето ако го прекорат за нешот или ако нешто му забранат, затоа што тоа е за доброто на самото дете.