Огласи
Наши ѕвезди

Посебен ден за Брана, мајката на Тијана и Тамара – пристигнуваат честитки, баба ужива со внуците

Пејачките и приредија незаборавно роденденско изненадување на својата мајка

Сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ на нивната мајка Брана и приредија вистинско роденденско изненадување.

Тие и двете споделија неколку фотографии од прославата, па со оваа објава ги воодушевија нивните бројни следбеници.

„Љубовта кон семејството е најголемиот благослов во животот“, напишаа сестрите во описот на преубавите семејни фотографии.

Реклама

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Имено, тие сите заедно со целото семејство го прославија роденденот на Брана која блескаше од среќа покрај своите најблиски.

Од фотографиите може да видиме и со каква торта ја изненадија, на која беше ликот на баба со своите внуци – Вук, Хана и Дарен.

Маркетинг

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Бројни фанови и посакаа на Брана се најубаво, а гордата баба си замисли желба и заедно со внуците ги дувна свеќичките.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Потсетуваме, пред неколку недели семејството имаше уште една убава причина за славење, а тоа беше роденденот на Вук.

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Наследникот на Тијана тогаш наполни 16 години, а на прославата секако беше и сестрата на Тијана, Тамара.

Сето ова покажува колку тие сите се блиски, но и колку уживаат во секој момент што ќе го поминат заедно.

Повеќе фотографии погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Инстаграм/ Тамара Тодевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button