Трендови

Нов пролетен хит – девојките од целиот свет полудеа по овие портокалови панталони

Advertisement

Имаме нов пролетен хит

Advertisement

Според она што можевме да го видиме од Инстаграм профилите на бројни познати модни блогерки, релативно новиот австралиски бренд станува се попопуларен.

Станува збор за австралискиот бренд „I.Am.Gia“ кој навистина за многу кратко време стана еден од омилените брендови на бројни блогерки и трендсетерки, а светска популарност најмногу ја оствари со своите поприлично евтини цени и интересни „streetwear“ дизајни.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BcS7RGNA9qM/?utm_source=ig_embed

 

Овој релативно млад австралиски бренд во својата понуда успеа да создаде уште еден моден „бестселер“. Овој пат во прашање се панталони со висок струк и кариран дезен кои го носат името Поларис и се продава по цена од околу 3000 денари, а со нив ви стига и краток горен дел со длабоки прорези, направен од истиот материјал и со истиот дезен.

Тоа дека станува збор за навистина популарно парче сведочат и бројните фотографии на познатите блогерки, но и Емили Ратајковски која исто така неодамна се прошета низ улиците во овие панталони носејќи ги заедно со горниот дел, а целото издание го зачини со бели чизми до глужд.

Па, дали ви се допаѓаат овие панталони?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button