Некогашната македонска „Пинк ѕвездичка“ се породи, СВЕКОРОТ се огласи со порака и ги разнежни сите
Пејачката роди машко дете, прв се огласи нејзиниот сопруг

Познатата пејачка Антониа Гиговска привлече огромно внимание кога како мала се појави во натпреварот „Пинк ѕвездички“.
Таа уште со свет прво појавување во популарното шоу за млади привлече внимание и ги воодушеви сите со својот талент.
По учеството во „Пинк ѕвездички“ каде младата пејачка стигна до самото финале нејзиниот живот потполно се промени и нејзината популарност почна нагло да расте, така што Гиговска сега важи за една од најпознатите пејачки во Македонија.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа при крај на минатата година откри дека е во врска со музичарот Роберт Спасенцовски кој е дел од нејзиниот бенд.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
И по само неколку месеци, пејачката повторно ги изненади сите, кога на својот 22 роденден објави дека е во блажена состојба.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа за време на бременоста реши да се повлече од сцената, но не и од социјалните мрежи, каде често објавуваше фотографии.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Гиговска пред само неколку дена објави неколку фотографии на ко во преден план беше нејзиниот голем труднички стомак.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Веста дека се породила прв ја соопшти нејзиниот партнер Роберт, кој преку Фејсбук откри дека добил син.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Станав татко. Фала ти Господе за оваа среќа“, напиша гордиот татко и ги израдува своите пријатели и следачи на оваа социјална мрежа.
Фото: Фејсбук/ Боби Спасенцобски
Набргу потоа на Фејсбук се огласи и таткото на Роберт, македонскиот пеја Боби Спасенцобски, кој напиша:
„Велат Стеблото од Лозата многу го сакаш пошто ти си го посадил и е само твое, ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен. Така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук, станав дедо“, напиша Боби и под пораката доби голем број лајкови и честитки.
Инаку, младата пејачка за време на бременоста често објавуваше фотографии и не криеше дека одвај чека да се оствари во улога на мајка.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Таа уживаше во бременоста, за што сведочат и бројните фотографии на нејзиниот профил со трудничкиот стомак во преден план.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Малечко мое, се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што не чека. Бројам ситно да те гушнам, знаеш дека сме посилни од сé“, напиша популарната пејачка пред само неколку дена, па го додаде и следново:
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал. Моја копија. Те чекаме, те сакаме“, напиша тогаш Гиговска.