Поранешниот сопруг на Тамара ќе добие уште едно дете – згодната мама го откри полот и името на бебето
Преубаво име со моќно значење...

Наскоро ќе стане мајка
Поранешната кошаркарка Едина Муса неодамна се омажи за Александар Димитровски – Мачка со кого го чека првото дете.
И бидејќи наскоро влегува во деветтиот месец од бременоста, русокосата убавица и нејзиниот избраник деновиве ги завршуваат и последните подготовки за пристигнување на приновата во семејството.
Но Едина на својот Инстаграм сподели и неколку снимки од тренинзите што се уште ги прави и од кои не се откажува.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа позираше гордо со својот стомак до забите, а многумина беа воодушевени од тоа како изгледа и во својата поодмината бременост.
Инстаграм/ Едина Муса
Блеска и во последните денови од бременоста
Облечена во спортска облека таа се снимаше додека вежба, а потоа и го покажа веќе големиот труднички стомак.
Инстаграм/ Едина Муса
Потсетуваме, Едина пред неколку месеци откри дека е во блажена состојба, но и дека носи машко дете.
Инстаграм/ Едина Муса
И како што самата откри во една пригода, тие веќе го избрале и името на нивниот наследник кој ќе се вика Максим.
„Мајката на Максим“, напиша тогаш Едина под следната фотографија, кога исто така добри бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Инстаграм/ Едина Муса
Станува збор за име што има латинско потекло и за кое се смета дека е настанато од латинскиот збор, односно титулата „maximus“, што значи најголем. Па така Максимус е почесна латинска титула која ја добивале само големите војсководци, посебно стратезите што обезбедувале воени победи.
Инстаграм/ Едина Муса
Со тек на време станало и личното име кое го носеле и некои светци, а за нашиот народ најпознат е Пребодобниот Максим исповедникот, еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, често нарекуван и татко на православието кого го празнуваме на 3. февруари.
Родителите што на своите деца им го даваат името Максим посакуваат нивниот син да биде супериорен во однос на другите, да има огромна душа и срце и низ животот да го води огромна желба за победа.