Поранешната водителка Марина Дојчиновска откри како пријателството со Хунзите ѝ го промени животот
„Нека има и за другите луѓе“

Марина Дојчиновска си ја отвори душата како никогаш досега
Поранешната водителка Марина Дојчиновска, во емисијата „Кафе муабети“ зборуваше за нејзината прва средба со народот Хунза, но и маслото што тие го прават од семки од кајсија.
Имено, таа веќе со години е ексклузивен увозник и застапник на Хунза маслото од семки од кајсија од Хималаите.

Принтскрин/ Јутуб
Таа првите контакти со Кралството Хунза ги направи во 2005 година, а ова нејзино патување и го промени животот.
Како што самата открива во емисијата, таа го обожава ова масло, а откри и како се случило да започне бизнис со него.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Навистина го обожавам маслото од кајсија од Хунза, отсекогаш, од првиот момент кога сум била таму ми се допаѓа. Ми се допаѓа вкусот, на марцепан, на семка, и сé изгледа поинаку кога ќе се зготви со Хунза масло. На пример наутро ми правеа палачинки со тоа масло, и јас не можев да го заборавам вкусот. И си носев одредени количини, секогаш кога ќе патував и се враќав“, откри неодамна оваа наша позната дама во емисијата „Кафе муабети“.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Во врска со тоа како се појави идејата да го донесе Хунза маслото во Македонија и да започне бизнис, Марина вели:
„Во 2010 бев кај нив во текот на летото, се вратив во Скопје, есента, и за жал, се дијагностицира кај мене една онколошка дијагноза, што беше шок, тотално шок. Онколошките болести се многу подмолни, значи не можете да претпоставите што се случува во вашиот организам се до оној момент додека нешто не се манифестира“, вели Марина.
„Во тој момент кога мене ми ја дијагностицираа дијагнозата, јас сето тоа што го имав донесено како масло од таму, ми беше поделено на пријателите. Значи дома имав уште многу малку. Кога слушнаа што ми се случува, прво што беше се организираа да ми испратат масло, поголема количина, за да има, да не ми се случи пак да снемам, да ми е се раздадено по пријатели, роднини и така натаму. И поминаа така сложена процедура, затоа што прв пат во животот го правеа тоа, прв пат во живото прават извоз на некој производ свој, особено на маслото, за кое што треба, анализи, хемиски, витамински, не знам какви, па лаборатории кои што се далеку од Хунза“ сподели Марина.

„Нека има и за другите луѓе“
„Меѓутоа тој долготраен процес тие го направија целосно, заради мене, да ми испратат масло, и во тој момент, не знам, некако ми падна на памет, дека ништо не би направила ако сега маслото стигне само заради мене. Им пишав веднаш, штом сте го поминале сето ова, пратете малку повеќе, нека има и за други луѓе. И така сето тоа започна, така прв пат во историјата тие пратија неколку од своето драгоцено масло. Тие ги викаат златни капки и тоа се навистина капки вредни како злато, што ги создал Господ, природата и човечката рака. Го прават маслото се уште по стари древни рецептури, и затоа го има зачувано тој квалитет, тој вкус. И сите витамини што ги содржи во природна форма, непроменети, што организмот веднаш ги прима“, вели Марина.
Што друго ни откри Марина за Хунза и за овој народ, откријте од видеото објавено на нашиот Јутуб канал:




