Наши ѕвезди

Поранешната му раскина затоа што е Ром, сега сите го обожаваат – но која на Никола му е најубава?

Никола Станишиќ откри што мисли за колешките...

Advertisement

Пејачот ги изненади сите со одговорот

На младиот пејач Никола Станишиќ со победата во „Ѕвездите на Гранд“ му се отворија многу врати кога е музиката во прашање.

Advertisement

Пејачот постојано настапува, а се појави како гостин и на концертите на Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Има своја публика која го обожава, а во одличен однос е и со сите колеги од популарното шоу во кое пред неколку месеци триумфираше.

Advertisement

Тоа можевме да го видиме и деновиве со неговата последна песна што ја објави со колешката и финалистката Анѓела Арман.

Принтскрин/ Јутуб

Всушност станува збор за преработка која беше објавена на официјалниот канал на Гранд, а која помина одлично кај публиката.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Покрај оваа песна, Никола по победата го сними и дуетот со Гоце Петрески за кого вели дека му е еден од омилените пејачи.

Кога станува збор за колешките од естрадата пак, Никола неодамна како гостин во емисијата кај неговата менторка Цеца, откри кои пејачки што се популарни во регионот, се најубави според него.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Имено, Никола тогаш истакна дека постојат многу убави колешки, но две од нив посебно издвои и сите ги изненади.

„Ги има многу кои ми се допаѓаат како изгледаат, но на пример Теодора Џехверовиќ и Сандра Африка“, изјави тој.

Принтскрин/ Јутуб

Потсетуваме, Никола неодамна во поткастот кај Стефан Лазаров за прв пат откри што му се случувало за време на натпреварот.

Имено, тој тогаш откри дека имал проблеми со неговата тогашна девојка, на која нејзините не и дозволувале да биде со него затоа што е Ром. Тие се разделиле непосредно пред победата, па Никола неколку месеци подоцна, во подкастот детални објасни што се случувало.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Не бев прифатен од нејзините родители, имаше тука многу проблеми“, истакна тогаш победникот во „Ѕвездите на Гранд“.

Повеќе за ова прочитајте тука

Бонус видео

Нашата Стојне открива какви момчиња ја привлекуваат

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button